Потребни состојки:
– 100гр просо
– 1 лажичка какао или рогач во прав
– 1 лажичка мелен интегрален сусам
– 1 лажица кокос
– 1-2 лажици маџун (или некој друг природен засладувач)
– 1 лажица исецкани јатки
(ако сакате поблага верзија, може да додадете и неколку свежи урми, или суво грозје)

 

Подготовка:
Прво сварете го просото, ( варете го со вода во однос 1(просо) : 3 (вода) ), ќе ви требаат околу 10-15 минути за да го сварите просото. Потоа тргнете го од оган, оставете малку да се излади, и  додајте ги сите останати состојки. Убаво измешајте, и десертот е спремен.

Pin It on Pinterest