Потребни состојки:
– ½  лажичка цимет
– ¼ чаша кокос
– 1 чаша јаткасти плодови (бадеми, индиски ореви, ореви…)
– ½ чаша сецкани урми (без семки)
– ½ чаша суви кајсии – сецкани
– ½ чаша суво грозје
– 2 лажици сурово какао во прав
– 1 лажица свеж сок од портокал

Подготовка:
Во мал сад помешајте ги кокосот и циметот и ставете ги настрана. Сите останати состојки помешајте ги заедно (освен сокот од портокал) во процесор за храна или во блендер и мешајте ги се додека не добиете смеса од која лесно може да се обликуваат топчиња, при мешањето постепено додавајте го сокот од портокал. Откако ќе добиете хомогена смеса направете топчиња од оваа смеса и валкајте ги во претходно подготвениот кокос со цимет. Чоколадните топчиња чувајте го во затворен стаклен сад во ладилник.

Pin It on Pinterest