Зелката е добро познат зеленчук на нашите простори, и скоро редовно се користи во нашата исхрана во различни форми. Освен традиционалната зелена зелка која на сите ни е позната, на нашите пазари достапна е и виолетовата зелка. Таа е исто многу здрава како и зелената, но сепак ни нуди различни заштитни материи, па затоа е добро да се употребуваат и двата видови, како би се постигнал внес на што поширок спектар на зеленчуци. Во продолжение прочитајте за тоа како зелката го подобрува нашето здравје.
Како зелката влијае на вашето здравје?
Зелката е одлична за одржување на нормална тежина. Таа има многу малку заситени масти, а е одличен извор на растителни влакна, па така ве држи сити, а притоа содржи многу малку калории.
Таа е одличен извор на фолати, и затоа е одлична храна за трудниците. Штити од појава на вродени дефекти кај фетусот.
Одлична е за вашите коски, бидејќи го одржува здравјето на коските. Зелката е одличен извор на витамин Ц и витамин К, и помага во развој на отпорност кон инфективни агенси, и делува против слободните радикали кои поттикнуваат воспаление.
Јадењето зелка може да се спореди со земање на мулти – витамин, бидејќи е одличен извор на есенцијални витамини: рибофлавин, пантотенска киселина, тиамин, калциум, калиум, фосфор, манган, железо и магнезиум.
Добра е и за мозокот бидејќи содржи антоцијанини и витамин К кои помагаат за подобра концентрација и подобрена ментална функција. Овие состојки превенираат оштетување на нервите, помагаат и во превенција од Алцхајмерова болест и деменција.
Помага во детоксификација на телото поради високата количина на витамин Ц.
Содржи состојки кои учествуваат во превенција на канцерогени болести.
Можно е да има улога и во регулирање на нивото на крвен шеќер и продукцијата на инсулин.