Што претставува железото
?

Железото е еден од минералните елементи кој му е неопходен на организмот за добро здравје. Тој првенствено е потребен  за изградба на хемоглобинот од црвените крвни клетки, и поради тоа е од клучна важност за правилна дистрибуција на кислород до сите ткива и органи.

Функции во човековиот организам

  • Железото е потребно за да се синтетизира хемоглобинот (составен дел на црвените крвни зрнца), кој е главен транспортер на кислород во организмот.
  • Овозможува контракција на мускулите.
  • Мозочна функција. Добрата циркулација во мозокот и снабденоста со кислород исто така се многу важни за правилна мозочна функција и за превенција од Алцхајмерова болест и деменција.
  • Железото помага во одржување на нормална телесна температура што овозможува правилно одвивање на метаболичките и ензимските процеси.
  • Синтеза на невротрансмитери (супстанци кои служат за комуникација помеѓу нервните клетки). Железото има важна улога во процесите на синтеза на невротрансмитерите како што се: допамин, норепинефрин, серотонин.
  • Железото исто така го зајакнува и имуниот систем на човекот бидејќи и за процесот на оздравување е неопходен кислородот кој се транспортира со помош на железото.
  • Железото е активатор на многу ензими и со самото тоа е клучен елемент за одвивање на разни важни процеси во нашето тело.
  • Железото исто така помага и за подобрување на концентрацијата и за правилен енергетски метаболизам.

Симптоми на дефицит

Губиток на здив (краток здив), забрзан пулс, ладни дланки и стапала, кршливи и деформирани нокти, замор, рани на рабовите на усните, опаѓање на косата.

Симптоми на предозираност

Повраќање, повраќање со крв,  дијареа, абдоминална болка,  црна и крвава столица, оштетување на црниот дроб, гадење, дехидратација.

Во колкави количини ни е потребно железото?

Новороденчиња 0-6 месеци,

0,27мг/ден

7-12 месеци, 11мг/ден  
Деца 1-3 години,

7мг/ден

4-8 години, 10мг/ден 9-13 години,

8мг/ден

Адолесценти   Момчиња 14-18 години, 11мг/ден Девојчиња 14-18 години, 15мг/ден
Возрасни Мажи над 19 години, 8мг/ден Жени 19-50 години, 18мг/ден.
Жени над 50 години, 8мг/ден
Трудници, 27мг/ден
Доилки, 9-10мг/ден

Која храна е најдобар извор на железо (вредностите за количината на железо, се дадени за 100гр од дадениот продукт)

Железото подобро се апсорбира од животинските намирници од кои најдобри извори се жолчката од јајце од потполошка и црвеното месо, но сепак во следните растителни намирници има многу поголема количина на железо, а апсорпцијата на железо може да се зголеми преку комбинирање на намирници богати со витамин Ц заедно со намирниците богати со железо.

Соја 2,5 милиграми
Леќа 7,5 милиграми
Спанаќ 2,7 милиграми
Сусам 14,8 милиграми
Леблебија 2,9 милиграми
Грав 2,4 милиграми

Pin It on Pinterest