Што претставува витаминот Б6?

Витаминот Б6 е уште познат и како пиридоксин, а претставува хидросолубилен (растворлив во вода) витамин кој припаѓа во групата на Б витамини. Тој не се складира во организмот и потребно е да се внесува секојдневно.

Функции во човековиот организам
– Учествува во формирањето на антителата (кои се главни во одбраната на организмот од инфекции)
– Овозможува нормална работа на нервниот систем
– Учествува во продукцијата на хемоглобинот
– Ги метаболизира протеините (ги разложува на аминокиселини кои понатаму телото ги користи како градбени единици)
– Помага при одржување на нормално ниво на шеќер во крвта

Симптоми на дефицит
Конфузија, депресија, иритабилност, рани на усните и јазикот, периферна неуропатија.

Симптоми на предозираност
Потешкотии во координирање на движењата, промена во чувствителноста на сетилата.

Во колкави количини ни е потребен витаминот Б6

Новороденчиња 0-6 месеци,

0,1мг/ден

7-12 месеци, 0,3мг/ден  
Деца 1-3 години,

0,5мг/ден

4-8 години, 0,6мг/ден 9-13 години, 1мг/ден
Адолесценти и возрасни Момчиња  13-50 години, 1,3мг/ден
Мажи над 50 години 1,7мг/ден
Девојчиња  14-18 години, 1,2мг/ден

Жени 19-50 години, 1,3мг/ден
Жени над 50 години, 1,5мг/ден

Трудници, 1,9мг/ден

Доилки-2мг/ден

Која храна е најдобар извор на витаминот Б6 (вредностите за количината на витамин Б6, се дадени за 100гр од дадениот продукт)

Сончоглед 1,3 милиграми
Пилешки гради 0,1 милиграми
Сладок компир 0,3 милиграми
Спанаќ 0,2 милиграми
Банана 0,4 милиграми
Туна 0,4 милиграми

Pin It on Pinterest