Што претставува витаминот Б1?

Витаминот Б1, или уште наречен тиамин, е хидросолубилен (растворлив во вода)  витамин кој припаѓа на групата Б витамини.

Функции во човековиот организам

  • Учествува во процесот на претворање на јаглехидратите (глукозата) од храната во енергија
  • Потребен е и за правилен метаболизам на масти и протеини
  • Овозможува правилната функција на имуниот систем и добра дигестија (варење на храната)
  • Потребен му е на телото за продукција на соединението аденозин трифосфат (основна енергетска единица за нашите клетки)
  • Овозможува правилна работа на нервниот и мускулниот систем
  • Вклучен е во одржувањето на електролитниот баланс во телото

Симптоми на дефицит

Анорексија и брз губиток на телесна маса, слаб апетит, колитис, дигестивни проблеми, оштетување на нервниот систем, умор, слаба меморија, конфузија, иритабилност, мускулна слабост, апатија и депресија, кардиоваскуларни абнормалности.

Симптоми на предозираност

Со оглед на тоа што овој витамин е растворлив во вода, неговиот вишок во организмот се исфрла преку урината, па затоа до сега не се забележани случаи на предозираност и токсичност од овој витамин.

Во колкави количини ни е потребен витаминот Б1

Новороденчиња 0-6 месеци,

0,2мг/ден

7-12 месеци, 0,3мг/ден  
Деца 1-3 години,

0,5мг/ден

4-8 години, 0,6мг/ден
Адолесценти Момчиња 9-13години, 0,9мг/ден

Момчиња и мажи над 14 години, 1,2мг/ден

Девојчиња 9-13 години 0,9мг/ден

Девојчиња 14-18 години 1мг/ден

Возрасни Жени над 18 години, 1,1мг/ден Трудници 1,4мг/ден Доилки 1,5мг/ден

Која храна е најдобар извор на витаминот Б1* (вредностите за количината на витамин Б1, се дадени за 100гр од дадениот продукт)

Сончоглед 1,5 милиграми
Леќа 0,9 милиграми
Грав 0,8 милиграми
Овес 0,8 милиграми
Грашок 0,3 милиграми
Јачмен 0,2 милиграми

*Тиаминот исто така се синтетизира и од страна на нашата гастроинтестинална микрофлора (т.е. добрите бактерии во нашите црева можат да произведат витамин Б1).

Pin It on Pinterest