Што претставува витаминот А?

Витаминот А е липосолубилен (растворлив во масти) витамин, кој најчесто во нашиот организам го внесуваме во провитаминска форма, а подоцна тој се конвертира (претвора) во активен витамин А и така може да изврши одредени функции во нашиот организам. Најпознат провитамин на витаминот А е бета – каротенот, но постојат и многу други провитамини на витаминот А.

Функции во човековиот организам

  • Помага да се формираат забите и истите да се одржат здрави
  • Овозможува формирање на скелетот, на меките ткива, мукозните мембрани и кожата
  • Со негова помош се произведуваат пигментите во ретината во окото (поради ова негово својство, другото име на витаминот А е ретинол)
  • Важен е за добар вид, за правилно функционирање на репродуктивниот систем и е потребен во текот на доењето
  • Бета каротенот е антиоксидант, што значи дека ги неутрализира штетните слободни радикали и со тоа ги заштитува нашите клетки од оштетување
  • Важен е за имуниот систем и за воспалителните одговори

Симптоми на дефицит

Проблеми со видот (ноќно слепило) и сува кожа.

Симптоми на предозираност

Треба да се нагласи дека можете да се предозирате само со прекумерен внес на активна форма на витамин А (оној што се наоѓа во храна од животинско потекло), додека предозирање со провитамини не може да се случи. Предозираност со витамин А може да предизвика вродени дефекти кај фетусот. Останати симптоми кои може да се јават се: анксиозност, гадење, повраќање, губиток на коса, мускулна и абдоминална болка, нарушување на менталното здравје.

Во колкави количини ни е потребен витаминот А

Новороденчиња 0-6 месеци,

400мкг/ден

7-12 месеци, 500мкг/ден  
Деца 1-3 години,

300мкг/ден

4-8 години, 400мкг/ден 9-13 години, 600мкг/ден
Адолесценти и возрасни Момчиња над 13 години, 900мкг/ден Девојчиња над 13 години, 700мкг/ден Трудници- 700мкг/ден
Доилки-1300мкг/ден

Која храна е најдобар извор на витаминот А (вредностите за количината на витамин А, т.е провитамин А се однесуваат на 100гр од дадениот продукт)

Сладок компир 4255 микрограми
Морков 5011 микрограми
Тиква 3346 микрограми
Кељ 4612 микрограми
Спанаќ 2812 микрограми
Црн дроб* 9515 микрограми

*(И покрај тоа што црниот дроб е доста богат со витамин А, побезбедни извори на овој витамин се растенијата поради фактот што ако се користи растителен извор на провитамин А тогаш не може да се случи предозирање со овој витамин. Друга причина што повеќето здравствени организации препорачуваат да не се консумираат внатрешни органи од животни (во кои спаѓа и црниот дроб) е тоа што во овие органи може да се акумулираат разни штетни супстани, во поголеми количини, кои секако немаат позитивно влијание врз човековото здравје.

Pin It on Pinterest