Исхрана богата со витамини, антиоксиданти и полифеноли е најдобра одбрана против настанување на смртоносната болест рак. Група на видни доктори под водство на доктор Cynare Coomer, составиле список на намирници кои помагаат за зачувување на здравјето од оваа опака болест, која што е сè по зачестена помеѓу човечката популацијата.

 

1. Лута пиперка

Црвената лута пиперка е вкусен зачин за скоро секое јадење, а молекулите капсаицин кои ги има во пиперката и кои всушност го даваат лутиот вкус, му помагаат на телото да се ослободи од нитрозоамините. Нитрозоамините се опасни канцерогени супстанци кои најчесто се наоѓаат во месните преработки и во друга преработена храна.

 

 

2. Авокадо

Авокадото е богато со витамини и минерали, одличен извор на добри масти кои помагаат за создавање на добриот холестерол. Антиоксидантите од авокадото го спречуваат разорното делување на слободните радикали во телото, а исто така е и добар извор на калиум и бета каротен.

 

 

3. Морков

Познат е по своето поволно дејство за зачувување и одржување на добар вид, а бета каротенот од морковите го намалува ризикот од настанување на рак на  белите дробови, желудникот,  цревата, простатата и дојката. Научните истражувања покажале дека земање на бета каротен во облик на таблети го нема ни приближно истиот ефект како  бета каротенот од овошјето и зеленчукот.

 

 

4. Ленено семе

 

Лененото семе изобилува  со здрави состојки и богато е со антиоксиданти и омега 3 масни киселини, кои се доста ефикасни во превенција на рак на дојка и црева.

 

 

5. Лук

Познат е како природен антибиотик, го подобрува имуниот систем, и ги уништува канцерогените супстанци. Сулфурните врски во лукот го спречуваат ширењето на веќе постоечкиот рак. Бројни научни студии покажале дека луѓето кои редовно консумираат лук, поретко заболуваат од рак на желудникот и цревата.

 

 

6. Сладок корен

 

Слаткиот корен одамна се користи како лек за белодробни заболувања,  при чиреви на желудникот, чистење на црниот дроб, а едно скорашно истражување покажало дека е посебно корисен за превенција од рак на простата. Можат да го консумираат сите лица, освен болните од висок крвен притисок.

 

 

7. Рузмарин

 

 

Свежиот, но и сушениот рузмарин го спречува развојот на туморите на дојка и рак на кожа. Оваа зачинска билка традиционално се применува како лек за главоболка и проблеми со дигестијата.

 

 

 

 

 

8. Морска трева

 

Морската трева или алги, се богати со бета каротен, протеини, витамин Б-12, влакна и хлорофил, а содржат и важни масни киселини кои помагаат во борба со ракот на дојка.

 

 

9. Куркума

Куркумата е еден од најмоќните природни лекови, а активната лековита состојка во куркумата се нарекува куркумин. Куркумата поседува противвоспалителни својства и може да го спречи делувањето на штетните ензими кои се клучни за настанување на бројни типови на рак.

Pin It on Pinterest