Во зависност од вашите навики вашиот природен аларм ќе ве разбуди порано или подоцна во текот на денот. Сепак поценети и друштвено поприфатени се ранобудните луѓе. Често можеме да слушнеме како генералниот директор на некоја компанија станува пред 6 часот наутро. Исто така постои и тврдење дека ранобудните луѓе се најуспешни – што до некаде и има логика. Ако се разбудите порано, помалку време трошите на спиење, па со самото тоа имате повеќе време за долгите продуктивни активности. Рано пред пладне е периодот во денот кога имате најголема контрола над себе. Како одминува денот така и концентрацијата опаѓа, и малку е веројатно дека помеѓу 17 и 20 часот ќе се случи нешто подрастично. Но како од ноќни птици да станете ранобудни луѓе? И дали е тоа воопшто возможно? Вистината е дека каков и да е нивниот природен ритам многу луѓе успеале да се извежбаат да се задоволуваат и со помалку сон (се разбира не помалку од 7 часа дневно).

Легнете си кога сте уморни, и будете се секој ден во исто време. Но што ако и по 1 часот по полноќ вие сеуште не сте уморни? Тоа е исто така во ред. Само уверете се дека сте го навиле алармот. Наутро сигурно ќе бидете уморни. Но со тек на времето ќе се навикнете на овој ритам. Она што не треба да го правите е да се приморувате себеси да одите на спиење тогаш кога не сте уморни. Така само ќе се чувствувате исфрустрирано. И ќе потрошите драгоцено време во креветот неспиејќи. А можете и да почувствувате загриженост и вознемиреност поради неможноста да заспиете, па да дојдете до инсомнија. Затоа почекајте да се уморите, будете се секој ден во исто време и сè ќе си дојде на свое место.

 

Постепено намалувајте го вашето време на спиење

Можеби сте навикнале да спиете и по повеќе од  9 часа секоја ноќ. Но ако го навикнете својот организам, ќе ви биде потребно и помаку време за да се одморите. Не станува збор за преживување на денови со помалку енергија туку на овој начин го тренирате својот организам да компресира поквалитетен сон за помаку време. Со цел да го направите овој процес што побезболен, скратувајте го времето на спиење по 30 минути. Прво пробајте да спиете една недела по 8 и пол часа, па по 8 часа, се додека не го постигнете ритамот кој вам ви одговара.

 

 

Дадете си причина поради која би се разбудиле

Ако немате доволно добра причина за да станете од креветот во одредено време, никогаш нема ни да успеете во тоа. Причината може да биде проучување на Библијата, држење до планот за физичка активност наутро, проект кој морате да го завршите итн.

 

Дозволете собата да ја осветлат сончевите зраци

Доколку немате соседи кои уживаат да ви ѕиркаат низ прозорецот, одвечер оставете ги завесите тргнати од прозорецот за рано наутро дневната светлина да би ја осветлила собата. Тоа е многу важно затоа што кога просторијата во која спиете е затемнета, вашиот организам произведува хормон за спиење – мелатонин. Од друга страна, светлината го прекинува овој процес и му праќа сигнал на вашиот мозок дека е време да станете. Во случај низ прозорецот на вашата соба да не влегува доволно светлина, тогаш постои друго решение. Постои аларм со голема лампа која постепено се вклучува и симулира изгревање на сонцето.

 

 

Оддалечете го алармот од креветот

Најтешкиот дел од утринското будење, честопати е станувањето од топлиот и удобен кревет. Но, ако морате да станете како би го исклучиле алармот, веќе ќе ја завршите половина работа. Ставете го алармот на другиот крај на собата, и за будење изберете го најиритирачкиот можен звук на најглсно. Целта е ѕвонењето на алрмот да ве предизвика да станете од креветот за да го исклучите. А кога веќе еднаш ќе станете, поголема е веројатноста дека нема повторно да си легнете.

 

Не си дозволувајте продолжување на спиењето со тоа што ќе го пренавиете алармот

Секогаш ви доаѓа мислата: „Само уште 10 минути“. А во следниот момент сфаќате дека всушност сте спиеле многу подолго и дека ќе задоцните на работа/училиште/факултет. А она што е најлошо е што ова дополнително време за спиење повеќе претставува измачување, благодарение на вашиот аларм кој ѕвонел на секои 5/10 минути.

 

Испијте чаша вода

Ако потребата за мокрење не ве предизвика да станете од креветот тогаш ќе имате многу повеќе проблеми со ранобудноста. Испијте чаша вода пред одење во кревет и така наутро ќе ве разбуди природниот аларм. Откако ќе испиете вода навечер, наполнете и една чаша вода за наутро и оставете ја покрај креветот. Ако ја испиете кога ќе ги отворите очите, водата ќе го вклучи вашиот метаболизам.

 

Бидете си самите себеси аларм

Можеби ова ви звучи чудно, но ако си кажете себеси дека планирате да станете во одредено време, вашиот организам природно ќе се разбуди. Одредете си себеси дека треба да станете до 5 и 30. Наместете го алармот во 5 и 15  (за секој случај). Ќе се изненадете кога ќе откриете дека сте се разбудиле на време. Оваа ситуација ќе се повторува особено кога ќе се навикнете да заспивате и да се будите секој ден во исто време. Кога ќе го постигните ова ниво да се будите без аларм, ќе ја сфатите предноста на раното будење, а притоа ќе се чувствувате одморено и наспиено.

 

 

Pin It on Pinterest