Алкохолот е една од најшироко распространетите дроги во светот, која предизвикува зависност. Повеќето луѓе мислат дека пиењето во друштво е поврзано со релаксација и рекреација. Маркетингот го прикажува алкохолот како нешто гламурозно, поврзувајќи го со забава и секс, притоа целосно игнорирајќи ги неговите штетни последици. Реалноста е дека алкохолот е најопасната дрога во светот. Еден од четири смртни случаи кај Европејците на возраст под 30 години е поврзан со алкохол, а во некои делови од Источна Европа, ситуацијата е полоша па од алкохолот страда еден човек на секои тројца.1 Во САД алкохолот е трета водечка причина за смрт.2,3
Алкохолот:
Убива пет пати повеќе луѓe;
Предизвикува повеќе болести;
Троши повеќе пари;
И уништува повеќе семејства;
…отколку сите други средства кои предизвикуваат зависност, заедно!
Алкохолот е инволвиран во половина од сите фатални автомобилски несреќи, како и во несреќи во домовите и на работните места.
Дури и законски дозволеното ниво на алкохол во крвта ( 0,02%) го нарушува расудувањето и ја зголемува стапката на несреќите!4
Алкохолот е исто така поврзан со поголема застапеност на криминални дела. Според една студија, двајца од тројца луѓе кои биле вклучени во убиство, биле под дејство на алкохол.
Како алкохолот делува на вашиот организам?
Алкохолот е отров! Не минува низ процесот на дигестија, туку директно се апсорбира во крвотокот, и така делува на секоја една клетка од нашето тело. Потребни се само 20 минути од земањето на пијалокот па до неговиот влез во крвотокот. За време на овие 20 минути, тој веќе започнува да предизвикува негативни реакции, делувајќи како силен надразнувач.
Алкохолот може да биде толку силен надразнувач на обвивките на жечудникот, што може да предизвика крварења во желудникот. Алкохолот е честа причина за појава на чир, бидејќи го стимулира желудникот да произведува повеќе киселини и ензими.
Црниот дроб се обидува да нè заштити со тоа што ги разложува најштетните супстанци кои ги внесуваме во организмот. Но во овој процес, алкохолот ги оштетува клетките на црниот дроб, дури и при умерена редовна консумација на алкохол. Колку повеќе алкохол се внесува, толку е поголемо оштетувањето. Кога здравите и нормални клетки на црниот дроб се уништени, тие се заменуваат со масни клетки, кои го прават црниот дроб жолтеникав по боја, и сè понеефикасен. Со долготрајна употреба на алкохол, во црниот дроб се развиваат абнормални клетки кои водат до појава на цироза на црниот дроб. Како што се зголемуваат овие клетки, така се појавуваат и лузни, и црниот дроб станува тврд. Некои од жолчните канали се блокираат, и така предизвикуваат црниот дроб да има зелена боја.
Низ светот, цирозата на црниот дроб убива многумина, а во Америка е помеѓу 10-те водечки причини за смрт кај населението.5
Дали имате проблем со пиењето? Повеќето од лицата кои консумираат алкохол, негираат дека имаат проблем со пиењето. Личноста има проблеми со пиењето ако алкохолот има влијание на следните три области на човековиот живот:
- Работата
- Меѓучовечките односи
- Здравјето
Ефектите на алкохолот врз човековиот ум и тело се многу подалекусежни. Најверојатно секој знае дека алкохолот има влијание врз нервниот систем. Ги нарушува функциите на мозокот. Да, добро слушнавте, алкохолот ја намалува работата на мозокот.
Вие мислевте дека алкохолот всушност е стимуланс, нели? Погрешно…. Алкохолот само ги намалува инхибирањата (забавувањата), и така се доаѓа до погрешното мислењето дека всушност тој стимулира одредени нешта во организмот.
Алкохолот ја зголемува стапката на појава на:
– Бес и лутина
– Семејно насилство
– Неморален/недозволен секс
Со секој пијалок, дел од мозочните клетки трајно се уништуваат. Пад на менталната работа и други мерливи намалувања во мозочната функција се резултат од консумирањето на алкохол. Експертите велат дека со само 2 пијалоци, неколку ментални функции, вклучувајќи го тука расудувањето и меморијата, се нарушени.6
Кога нареден пат ќе летате со авион, дали би сакале пилотот да се имал напиено една – две чашки алкохол пред да полетате?
Способноста да расудувате што е добро а што лошо скоро целосно е изгубена. До какви само големи промени во моралните вредности алкохолот може да доведе во вашиот живот.
Но, алкохолот не ги труе само црниот дроб и мозокот. Ја намалува функцијата и на коскената срцевина – фабриката на нашиот организам за продукција на крвни клетки. Како резултат на ова, личноста може да стане анемична, да има низок број на тромбоцити – што би резултирало со лесно предизвикување на крварења.
Алкохолот исто така има застрашувачки ефекти врз одбранбениот систем на организмот. Дури и мали количини на алкохол, кој редовно се консумира, ја намалува функцијата на имуниот систем, и забележително ја намалува и функцијата на белите крвни клетки. Застрашувачките факти укажуваат на тоа дека алкохолот исто така го прави човекот полесно подложен на вирусот на СИДА.7 Па не е ни чудо што луѓето кои пијат алкохол имаат скоро најмногу болести споредено со сите други луѓе. Тие исто така се склони кон појава на хроничен умор.
Колку повеќе едно лице користи алкохол, толку е поверојатно деќа ќе развие дефицит на некој витамин или минерал. Алкохолот може да ја наруши способноста на телото за апсорпција и искористување на скоро секој витамин и минерал.8
Дали знаевте дека акохолот содржи скоро двапати повеќе калории на грам отколку чистиот шеќер?9 Ако пиете по само едно пиво секој ден, тоа ќе ви донесе дополнителни 7 килограми телесна маса за една година. А исто така, лицата кои консумираат алкохол честопати и јадат повеќе храна.10
Со сите овие ефекти, не е многу изненадувачки фактот што алкохолот значително го зголемува ризикот од појава на рак. Во една студија со повеќе од 7000 жени, е покажано дека количина на алкохол од само 3 пијалоци неделно, го зголемила ризикот од појава на рак на дојката.11
Што е со ефектот на алкохолот врз неродените бебиња? Дури и мали количини на алкохол кај бремена жена, особено во почетокот на бременоста, можат да предизвикаат штета кај нероденото бебе на повеќе начини. Може да дојде до абнормалности кај поголемите органи, исто така може да се роди и бебе кое изгледа абнормално.12 Најважниот факт е дека консумирање на алкохол во текот на бременоста е водечка причина, за појава на ментална ретардација во западниот свет.13
Некој можеби ќе праша, „Но што со извештаите за здравствените придобивки од умереното пиење?“
И покрај фактот што могумина умираат секој ден поради алкохолот, стана многу популарно да се воздигнуваат придобивките од „умереното консумирање на алкохол“. Сепак единственото тврдење на научниците е дека црвеното вино дава заштита против срцеви удари. Во една студија, заштитните супстанци на црвеното вино им се давале на експериментални животни за да се дознае нивниот ефект. Пронајдено е дека биле потребни околу 12 пијалоци на ден за возрасен маж да може да ги почувствува придобивките од виното во врска со срцевите болести!14 Да, оваа количина на алкохол има директен токсичен ефект на самиот срцев мускул. Покрај тоа, кој би ви препорачал да испиете 12 пијалоци во еден ден?
Вистина е дека црвеното вино содржи многу заштитни растителни хемикалии, но сите тие исто така може да ги најдете и во сок од грозје, како и во самото грозје.15 Овие фитохемикалии даваат заштита од срцеви болести со тоа што го подобруваат нивото на холестерол и го забавуваат згрутчувањето на крвта. Во поглед на долготрајните и далекусежните ефекти на алкохолот, нели би било многу помудро да се напиете сок од грозје, или пак да јадете грозје, отколку да испиете алкохолен пијалок?
Исто така пронајдено е и дека алкохолот ја оштетува циркулацијата со тоа што го покачува крвниот притисок. Околу 30% од случаите на хипертензија кај Американците, може да се поврзани со алкохолот.16 Колку повеќе алкохол се употребува толку повеќе се покачува крвниот притисок.17
Алкохолот исто така го зголемува ризикот од појава на мозочен удар, дури и кога имате нормален крвен притисок. Овие мозочни удари може да се појават дури и кај млади луѓе, па и кај оние кои консумираат само мали количини на алкохол.18
Дали типот на алкохол може да влијае на тоа какво ќе биде дејството? Вистината е дека телото не ја знае разликата. Многу луѓе се изненадени од фактот што чаша вино или лименка пиво имаат исто толку алкохол како и еден пијалок виски.
Можеби ќе прашате: “Колкава е дозата на алкохол која е безбедна?“ Ние ви препорачуваме воопшто да не пиете алкохол. Дури и мали количини на алкохол покажаа дека нанесуваат штета на организмот. Освен тоа, единствениот сигурен начин да избегнете да станете алкохоличар е воопшто да не консумирате алкохол.
Светската здравствена организација сосема ја поддржува апсолутната апстиненција од алкохол. Тие нагласуваат дека било кој, што денеска пие алкохол само во друштво, утре има потенцијал да стане тежок алкохоличар.19
Еден од десет луѓе кои пробуваат алкохол, станува алкохоличар. Вие не можете да знаете дали тоа ќе бидете вие или некој друг. Ако пиете алкохол, овие факти можеби ви се чинат доста преувеличени, но тоа е реалноста.
Оние кои веруваат во Бог, подготвено сфаќаат дека Тој може да им помогне дури и на најбеспомошните човечки суштества, бидејќи Бог има моќ да ги трансформира уништените животи.
Исус вели: „Барајте и ќе добиете…“, „ а оној кој доаѓа при мене нема да го исфрлам“ (Јован 6:37 ; Библија)
Апостол Павле има запишано: „Сè можам преку Христа, Кој ми дава сила.“ (Филипјаните 4:13 ; Библија)
Ако вие не пиете, дајте ветување уште денес дека нема воопшто да почнете да пиете. Ако веќе пиете алкохол, ве молиме престанете пред штетата да биде трајна и многу далекосежна, а можеби дури и фатална.
Во Библијата е запишано: 19 Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој е во вас, Кого го имате од Бога, па не си припаѓате само на себеси? 20 Зашто скапо сте купени. И така, прославете Го Бога во своето тело и во својот дух, кои се Божји. (1 Коринтјаните 6:19 ; Библија)
Божјиот збор – Библијата исто така нè предупредува против употребата на алкохол: „Виното е потсмевнувач, жестокиот пијалак буен; и кој им се оддава, не е разумен.“ (Пословици 20:1 ; Библија)
Животот на земјата е прекраток. Дозволете си ја себеси и на вашето семејство, секоја предност. Следете ја Божјата мудрост и одбегнувајте алкохол целосно. Еден ден дури ќе се чудите како воопшто сте можеле да пиете алкохол. Ќе сфатите дека навистина немало никаква потреба од него – туку сте имале само штета.
__________________________
Извори:
1 WHO Global Burden of Disease 2000 Study; by Professor Jurgen Rehm, Addiction Research Institute, Zurich, (press
release 01/2001)
2 McGinnis JM, Foege WH. Actual causes of death inUSA. JAMA 1993 Nov 10;270 (18):2207-2212.
3 CBS Healthwatch Too Young to Worry? Myths about social drinking in young adults, by Michael Rush, PhD,
Medical Writer. Source: www.cbshealthwatch.medscape.com/cx/viewarticle/2717
4 Zador PL. Alcohol-related relative risk of fatal driver injuries in relation to driver age and sex. J Stud Alcohol 1991
Jul;52(4):302-310.
5 Ibid footnote 2.
6 Ibid
7 Glassman AB, Bennett CE, Randall CL. Effects of ethyl alcohol on human peripheral lymphocytes. Arch Pathol Lab
Med 1985 Jun;109(6);540-542
8 US Dept Health and Human Services. Alcohol. In: The Surgeon Beneral’s Report on Nutrition and Health. Public
health service DHHS (PHS) Publication No 88-50210, 1988. P643-649
9 Neil Nedley,MD Proof Positive
10 Ibid. footnote 8 p639-641
11 Schatzkin A, Jones, DY, etal. Alcohol consumption and breast cancer in the epidemiologic follow-up study of the
first National Health and Nutrition Examination Survey. N Engl J Med 1987 May 7;316(19):1169-1173.
12 US Department of Health and Human Services. Effects of Alcohol on Fetal and Postnatal Development. In: Eigth
Special Report to the US Congress on Alcohol and Health. National Institutes of Health (NIH) Publication No. 94-
3699, Sep 1993 p. 203-232
13 Ibid p221
14 Slane PR, Qureshi AA, Folts JD. Platelet inhibition in stenosed canine arteries by quercetin and rutin, polyphenolic
flavonoids found in red wine. Clin Res 1994;42(2):162A.(Abstract)
15 Demrow HS, Slane PR, Folts JD. Administration of wine and grape juice inhibits in vivo platelet activity and
thrombosis in stenosed canine coronary arteries. Circulation 1995 Feb 15;91(4):1182-1188.
16 US Dept Health and Human Services. Effects of Alcohol on Health and Body Systems. In: Eighth Special Report to
the US Congress on Alcohol and Health. National Institutes of Health (NIH) Publication No 94-3699, Sep 1993 p
177-178
17 Friedman G, Klatsky AL, Siegelaub AB. Alcohol intake and hypertension. Ann Int Med 1983 May;98(5 Pt 2): 846-849.
Gruchow HW, Sobocinski KA, Barboriak JJ. Alcohol, nutrient intake, and hypertension in US adults. JAMA 1985
Mar 15;253(11):1567-1570.
18 Hillborn M, Haapaniemi H, et al. Recent alcohol consumption, cigarette smoking, and cerebral infarction in young
adults. Stroke 1995 jan;26(1):40-45.
19 Emblad, H. Moderate drinking: serious warning by WHO specialists. World Health Organization Press Release.
November1, 1994.