Слабиот имунитет е многу чест проблем во зимските месеци. Има повеќе теории за тоа зошто токму во овој период е најверојатно да доживеете пад на имунитетот, а некои од нив се: тоа што помалку излегуваме надвор; во зима вообичаено воздухот е позагаден; помало изложување на сонце што допринесува до помалку витамин Д во нашето тело; послаба циркулација поради постуденото време и почеста застапеност на некои сезонски вируси. Освен надворешните фактори секако и исхраната има влијание на имунитетот. Во зима обично се внесува помалку вода, со што се забавува исфрлањето на штетните материи од организмот, а исто така може да се забележи и помал внес на свежа храна, а поголем внес на конзервирана и друга помасна готвена храна. Во продолжение следуваат неколку совети кои може да ви помогнат да изградете посилен имун систем.

Како да го ја подобрите функцијата на вашиот имун систем?

1. Спијте доволно (8-9 часа на ден, во периодот од 22 до 6-7 часот) и научете како да се справете со стресот. Недостатокот на сон и преголемиот стрес го зголемуваат нивото на хормонот кортизол и ако тоа зголемување е подолготрајно резултира со намалување на функцијата на имуниот систем.

2. Не пушете цигари. Супстанците од тутунот ја нарушуваат функцијата на имуниот систем и го зголемуваат ризикот од бронхитис и пневмонија, а и ризикот од инфекција на средното уво кај малите деца.

3. Јадете многу зеленчук, овошје, јатки и семки кои ќе го обезбедат вашето тело со нутриенти што му се потребни за подобрување на имунитетот. Во една студија е покажано дека поголемиот внес на овошје и зеленчук го подобрува одговорот со антитела на имуниот систем.

4. Размислете а тоа на кој начин да внесете повеќе пробиотици во вашиот организам. Доколку е потребно можете да ги внесете со употреба на суплемент, но се разбира присутни се и во храна како: кисела зелка (свежа, не термички обработена), јогурт, кефир, ртени житарки…

5. Поминувајте доволно време на сонце. Сонцето е многу важно за да можеме самите да синтетизираме витамин Д кој го намалува ризикот од заболувања како што се настинките и грипот. Затоа поминувајте минимум 10-15 минути на сонце притоа изложувајќи ја вашата кожа директно на сонце, но секако тоа правете го во периодите кога сончевата светлина не е опасна и штетна.

6. Јадете лук. Тој е познат како многу моќен антимикробен агент, а исто така е корисен и во подобрување на имуниот систем, но бидејќи топлината уништува дел од неговите корисни компоненти, додадете го свеж во храната пред сервирањето.

7. Употребувајте ехинацеа во форма на чај или тинктура. Ехинацеата е познат подобрувач на имуниот систем и е одлична во борбата против респираторните вируси, затоа во периодот на грип и настинки обидете се да си го зајакнете имунитетот со ехинацеа.

Pin It on Pinterest