Постојат многу митови или лаги поврзани со холестеролот кои луѓето ги имаат прифатено здраво за готово, без да бидат свесни дека тие, навидум научно поткрепени изјави, се далеку од вистината. Најчесто вината не е во луѓето кои поверувале во тие лаги, туку во оние кои така ги претставиле работите. Во оние кои во својот обид да ги поедностават, всушност направиле голема штета. Во продолжение се наведени најчестите лаги поврзани со холестеролот, кои досега сте ги слушнале.
Лага број 1: „Постојат два вида на холестерол, добар и лош холестерол“
Вистината е дека постои само еден холестерол. А она што се мери во лабораториите и се дефинира како добар и како лош холестерол, не се различни типови на холестерол, туку тоа се различни „превозни средства“ за холестеролот. LDL и HDL се носачи на холестерол, т.е. молекули кои во себе содржат ист вид на холестерол (и други масти) и го транспортираат од едно до друго место, а помеѓу себе се разликуваат по тоа што „возат по различни патеки, т.е. во различни правци“.
Лага број 2: „Холестеролот е многу штетен за вашите крвни садови и ако е над границата на нормални вредности веднаш треба да се превземат мерки за намалување на вредноста на холестеролот“
Всушност холестеролот е градбен елемент на секоја наша клетка и ни е потребен за да можеме правилно да функционираме. Функциите на холестеролот во телото се многубројни, но бидејќи секогаш тој се поврзува со кардиваскуларните болести, т.е. со атеросклероза, тука ќе се зборува само за таа тема. На тема холестерол и крвни садови може да кажеме дека: доколку не постои оштетување на крвниот сад, холестеролот не може толку едноставно да се „залепи“ на некој дел од одреден крвен сад, да го стесни, да го намали протокот на крв и да предизвика срцев/мозочен удар. Таложење на холестеролни наслаги на крвен сад се случува само кога постои оштетување на крвниот сад, што значи дека не е виновен холестеролот туку виновен е причинителот на тоа оштетување. Улогата на холестеролот е да го санира оштетувањето, но проблем настанува кога има многу оштетувања и големи оштетувања, па холестеролот е принуден да прави многу поправки. Нормално е дека сето тоа резултира со многу холестеролни наслаги врз оштетувањата кои на крај ќе го стеснат крвниот сад.
Лага број 3: „Висок вкупен/тотален холестерол значи дека нешто лошо се случува во вашето тело“
Висок тотален холестерол вообичаено значи дека најверојатно ќе добиете погрешна информација. Можно е вкупниот холестерол да ви е во нормални граници, но HDL да е низок, a LDL висок, или пак вкупниот холестерол да е над граница и LDL да е во нормални граници, а HDL малку повисок. Во овој случај, првата ситуација е лоша, а втората добра, но испитување на вредноста на вкупниот холестерол во двете ситуации ви дава погрешни заклучоци, затоа или испитувајте го холестеролот во HDL и LDL носачите или воопшто не испитувајте ниво на холестерол.
Лага број 4: „Лековите за намалување на холестерол (статини) ви се пријатели“
Холестеролот едноставно се обидува да ги санира оштетувањата во вашите крвни садови, а лековите за холестерол се обидуваат да го спречат холестеролот во тоа и притоа можат да предизвикаат: оштетување на црниот дроб, оштетување на нервните патишта, хипергликемија и дијабетес тип 2, мускулна болка и оштетување на мускулите. Дали и после оваа информација статините сè уште ви изгледаат како пријателски настроени лекови?
Лага број 5: „Високиот серумски холестерол предизвикува кардиоваскуларни болести“
Кардиоваскуларни болести, т.е. конкретно атеросклерозата, се предизвикани од причината што доведува до оштетување на крвниот сад (тоа може да настане поради: пушење, разни воспаленија, лупус, артритис, дијабетес, дебелина, висок крвен притисок…), додека холестеролот е само „спасувачот“ во целата ситуација. Тој не е коренот на проблемот, туку настапува на сцена некаде на средина, но никој не го раскажува почетокот на приказната, па затоа холестеролот се именува како главен виновник за атеросклероза и други кардиоваскуларни болести. Холестеролот самиот по себе не е проблем, проблем настанува кога му „се отвара премногу работа на холестеролот“.
Лага број 6: „За да го намалите холестеролот во крвта не треба да јадете масна храна“
Мастите кои се внесуваат преку храната немаат цврсто докажано влијание на нивото на холестерол во крвта (со исклучок на транс-мастите), но сепак популарен е советот дека не треба да се консумираат масти доколку целта е намалување на нивото на холестерол. Сепак темата за холестеролот и исхраната, е една широка тема па затоа најкраткиот совет би гласел: максимално да се избегнува консумација на транс-мастите, да се биде внимателен со заситените масти од животинско потекло, да се јадат доволно масти од растително потекло кои имаат антивоспалителни ефекти. Исто така добро е за момент да се тргне погледот од холестеролот, и да се размисли за тоа што е причината за оштетувањето на крвните садови и што го тера холестеролот да „се фрли на работа“. Лекувајте ја причината, а не симптомот!
Лага број 7: „Доколку имате високо ниво на холестерол во крвта, максимално намалете го внесот на холестерол преку исхраната“
Не е проблем тоа што ќе се исклучи холестеролот од исхраната, туку проблемот е што тоа нема да го реши вистинскиот проблем (оштетувањето на крвниот сад). Исто така важно е да се нагласи и дека холестеролот се произведува во нашето тело, а егзогениот холестерол (внесен со храната) има мало влијание врз серумскиот холестерол (што значи дека холестеролот што се внесува преку исхраната има мало влијание на холестеролот што се детектира во крвта). Ова во никој случај не значи дека треба да се консумира било што и дека не треба да се внимава на исхраната, туку едноставно значи дека фокусот треба да биде кон причинителот/коренот на проблемот а не кон симптомот.
Со правилна исхрана и здрав начин на живот можете да го намалите ризикот од кардиоваскуларни болести и да ги зачувате вашите крвни садови здрави и без холестеролни наслаги. Исхраната треба: да изобилува со растителни производи и растителни влакна; да не содржи процесирани производи, шеќер и транс масти; ако содржи производи од животинско потекло тие треба да бидат во помали количини. За другите принципи до кои треба да се придржувате за да си овозможите добро здравје може да прочитате во делот: „НОВ ПОЧЕТОК: 8 природни лекари за комплетно здравје“. Постојат и одредени состојби кои предизвикуваат покачен холестерол, а кои не можат да се објаснат со информациите дадени погоре, но тоа се многу ретки исклучоци, а не правила.