Потребни состојки:
– 100гр наут
– 2 лажици интегрален сусам
– сок од половина лимон
– 1 млад кромид
– зачини по желба, сол по желба
– 1 лажица ладно цедено масло

Подготовка:
Наутот го киснете во вода одвечер, а потоа накратко сварете го (15-20мин). Сусамот сомелете го во мелница за кафе, и потоа сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте додека да добиете хомегена смеса. Додадете од водата во која се варел наутот, онолку колку што ви е потребно за да ја постигнете посакуваната конзистенција. На крај зачинете по желба со: оригано, куркума, хималајска сол, сушен зеленчук….

Pin It on Pinterest