(оваа статија е дел од серијалот Отров со големо „К“)
Чоколадото по својата природа е многу невкусно, бидејќи е горко и непријатно по вкус. Со процесот на обработка на чоколадото тоа станува алкално и горчливо при што самиот процес се смета за нездрав. Горчливиот вкус општо се смета за непријатен. Таквиот вкус обично е поврзан со штетните алкалоиди, пиролизати и други отровни супстанци. Чувството на непријатен вкус претставува предупредувачки сигнал дека нешто потенцијално штетно се наоѓа во устата. Прикривањето на штетниот агенс со шеќер и зачини не ја отстранува опасноста. Теоброминот од чоколадoтo е основен метилксантин, еден од штетните алкалоиди кои предизвикуваат абнормален раст на жлездите, стимулација на централниот нервен систем, несоница, депресија и нервоза. Теоброминот е присутен во какаото кое се користи за појадок во количини од 1-2% (51). Познато е дека солите на теоброминот предизвикуваат непријатност во желудникот, руменило на кожата и чувство на топлина и општо или локално чешање. Бубрезите и црниот дроб се воглавно вклучени во детоксикацијата (отстранувањето на отрови) и излачувачки супстанци. Ако бубрезите работат послабо, теоброминот може да се наталожи до високи нивоа во крвта.
Другите метилксантини веројатно кофеин и теофилин, кои исто така се наоѓаат во чоколадото, го засилуваат непосакуваниот ефект на хемискиот состав на чоколадото. Во токсичните (отровните) ефекти на теофилинот спаѓаат: надразнување на желудникот, непријатност, мачнина и повраќање како и стимулација на нервниот систем. Неодамна чоколадото е обвинето за можно предизвикување на зголемување на простатата кај мажите. Бидејќи е познато дека јазлите во простатата кои се слични на туморите во дојките го зголемуваат ризикот од рак, треба да се направи сè што се може за да се спречи таквиот раст.
Сите видови на какао содржат повеќе танини по шолја во однос на количината во просечна шолја црн чај. Танинот е поврзан со одредени видови на рак на системот за варење. Децата најверојатно ќе имаат проблеми со уринирање во кревет ако им се дава какао. Содржината на кофеин може да биде и до 112мг по шолја напиток од какао. Се смета дека какаото ја попречува апсорпцијата на калциум. Високото ниво на фосфат кое се јавува во текот на метаболизмот на какао настанува при намалување на нивото на калциум во крвта. Според тоа, спротивно на советите кои понекогаш ги даваат лекарите или диететичарите, чоколадното млеко не е добар начин за добивање на калциум за децата во раст и развој.(52)
Какаото кое го земаат децата може всушност да го врзе калциумот и другите хранливи состојки кои се добиваат од одлични извори на калциум како што се: зеленчук, интегрални житарки, мешунки и овошје. Чоколадото содржи 0,45 до 0,49% оксална киселина. Оксалната киселина може да се комбинира со калциум и да формира нерастворливо соединение, калциум-оксалат, кое се исфрла од телото, уште повеќе намалувајќи ја количината на достапен калциум во дигестивниот систем.(53)
- The Complete Book of Food and Nutrition, J. R. Rodale.
- Chocolate, Coca Cola, Cocoa, and Coffee, International Nutrition Research Foundation, Riverside California.
- Bridges Dietetics for the Clinicians Lea and Febiger, 1949.
Следуваат сите статии од серијалот Отров со големо „К“
• Посакуваше смрт
• Метилксантин – името на непријателот
• Кофеин
• Хемиски реакции, токсичност и болести – Правецот на Титаник
• Ефекти на кофеинот врз срцето и крвниот систем
• Ментални симптоми поврзани со употребата на кофеин
• Кофеинот и ракот
• Породување и кофеин
• Остеопороза и кофеин
• Кафе без кофеин
• Болест на дојката и хипертрофија на простатата
• Отфрлање на чоколадото како хранлива намирница
• Својствени хемиски карактеристики на чоколадото
• Адитиви кои мора да се додадат за да се затскрие горчливоста
• Контаминенти во чоколадото
• Пиење на црн чај
• Како да престанете со користење на темни пијалоци