(оваа статија е дел од серијалот Отров со големо „К“)

 

Ова е вистински случај; но околината и името се променети.

Маџ Бранак повеќе години работела за циркусот Barnum & Bejli. Иако возбудата од патувањата, животните, луѓето и циркуската атмосфера и пружале големо задоволство, со години копнеела по пензијата за да може со нејзиниот сопруг да одгледува зеленчук и цвеќиња во својот дом во Лузијана. Неколку месеци пред пензијата, Меџ почнала да добива несоница. Ако успеела да отспие барем два-три часа, тоа било голем успех.

Секогаш била уморна-поуморна од оној умор кој може да се јави ако спиете недоволно. Секогаш можела да ги издржи долгите денови и кратките ноќи во текот на напорните години во циркусот, но никогаш не доживеала толку голем умор. Повеќето од мускулите и предизвикувале болка, а главоболката, болката во грбот и непријатното чувство во желудникот биле постојани придружници. Користела се повеќе лекови во залуден обид повторно да открие како изгледа да се чувствува нормално.  Помислата на рак почнала да ја измачува. Стравот ја помрачил нејзината надеж за градината со зеленчук од соништата. Еден ден седнала за да ѝ напише писмо на сестра ѝ. Подлогата на која го пишувала писмото била потпрена на нејзините колена, па веднаш сфатила дека нејзините нозе кои биле „нервозни“ со месеци, станале толку немирни што не можела да ги смири за да напише ниту „Драга Сели“. Била очајна поради својата физичка состојба. Знаела дека мора да превземе нешто, но се плашела од соочување со дијагнозата за која верувала дека е неизбежна.

Лекарските прегледи следната недела не успеале да откријат ништо значајно. Кога ѝ било кажано дека лабораториските тестови и рендгентските снимки се негативни, почнала да зема лекови за спиење. Шест години подоцна, била во далеку полоша физичка и ментална состојба. Меџ стинала до дното; сега сакала да умре. Тогаш одлучила, поради депресијата, да го послуша советот на пријателите и да оди на едно од оние места за „природно лекување“. Беше упатена до нашиот центар за советување за начинот на живот во Алабама, кој се вика Uchee Pines Institute, каде докторите и нивните асистенти користат природни лекови и советување за начинот на живот за лекување на болести.

Во рок од една недела од нејзиното доаѓање во институтот, престанала со земање на лекови, почнала да се чувствува удобно и можела да спие и по пет-шест часа секоја ноќ. Меџ веќе не сакала да умре. За прв пат по многу години можела позитивно да размислува за градината со зеленчук. Во случајот на Меџ, долгогодишното користење и зависноста од кафе предизвикале состојба која го нарушува сонот, наречена „синдром на немирни нозе“. Тоа заедно со лошата исхрана, која во голема мера се состоела од слатки, вечера пред телевизорот и снегулки од житарки, предизвикало да биде толку уморна, слаба и нервозна, што повеќе ѝ се допаѓала смртта отколку состојбата на нејзиното здравје. Денес Меџ секој ден работи во својата градина и произведува прекрасни украси од цвеќето во својот дом во Лузијана. Еднаш неделно оди на прошетка од 6,5 километри,  за да може да се сретне со своите пријатели од институтот.

Признава дека нејзиниот најголем непријател бил темниот напиток-кафе. Синдромот на немирни нозе е само една од големиот број на хронични сосојби, од кои многу предизвикуваат хендикепи, за кои е познато дека се поврзани со храната. Во другите спаѓаат: мигрена, циститис, мокрење во креветот, астма, синдром на нервозни црева, замор, несоница, поспаност, итн.

 


 

Следуваат сите статии од серијалот Отров со големо „К“

Посакуваше смрт
Метилксантин – името на непријателот
Кофеин
Хемиски реакции, токсичност и болестиПравецот на Титаник
Ефекти на кофеинот врз срцето и крвниот систем
Ментални симптоми поврзани со употребата на кофеин
Кофеинот и ракот
Породување и кофеин
Остеопороза и кофеин
Кафе без кофеин
Болест на дојката и хипертрофија на простатата
Отфрлање на чоколадото како хранлива намирница
Својствени хемиски карактеристики на чоколадото
Адитиви кои мора да се додадат за да се затскрие горчливоста
Контаминенти во чоколадото
Пиење на црн чај
Како да престанете со користење на темни пијалоци

Pin It on Pinterest