(оваа статија е дел од серијалот Отров со големо „К“)

 

Кога зборуваме за топчиња нафталин во резервоар за бензин – тие се многу разорни за мал автомобил. Група од Вашингтонскиот универзитет во Сиетл утврдила дека децата чии мајки користат големи количини на кофеин, во текот на првите месеци на бременоста, покажувале помали способности да бидат активни при раѓањето и имале мускулен тонус под просекот.(45)

Во едно истражување зголемената употреба на кофеин е поврзана со значајно поголем број на случаи на неправилна положба на бебето при породувањето, како и поголем број на спонтани абортуси или фетална смрт. Помеѓу 1529 жени во ова истражување, само шест рекле дека не земале кофеин во ниту еден облик пред или во текот на бременоста! Дијастолниот крвен притисок кај доброволците, со внес на кофеин се зголемил за околу 14%, а стапката на дишење за 20%. Стапката на срцевата работа на почеток незначително опаднала, но потоа повторно се зголемила во рок од еден час. Многу од овие ефекти траеле околу 3 часа. (Medical World News, April 16, 1978, p. 8, Postgraduate Medicine, Sept. 1977, p. 65) Кофеинот може да помине низ човековата плацента и да влезе во половите жлезди (јајниците и тестисите) на фетусот.(46)

Во штетните ефекти од продолжено земање на кофеин врз фетусот на глувците, спаѓаат:

  • Висока стапка на спонтани абортуси
  • Физички деформитети видливи со голо око
  • Отоци кај фетусот
  • Задоцнето формирање и зацврстување на коските
  • Намалено формирање на крвни клетки
  • Зголемено ниво на холестерол во крвта
  • Леќите на очите стануваат непроѕирни
  • Крварење под кожата
  • Значајно стеснување на плаценталните капилари, што предизвикува компликации при породувањето
  • Кратки и искривени опашки
  • Хидронефроза и отсуство на бубрег
  • Деформирано лице и уста
  • Дефекти на прстите (44)
  • Намалена тежина на мозокот и црниот дроб

  1. Toxicology and Applied Pharmacology 22:449-457. 1972.
  2. Dr. Timothy Johnson, Columbus (Georgia) Ledger, July 19, 1978, p. B-3.
  3. Teratology 8:69-72, August, 1973.

 

Следуваат сите статии од серијалот Отров со големо „К“

Посакуваше смрт
Метилксантин – името на непријателот
Кофеин
Хемиски реакции, токсичност и болестиПравецот на Титаник
Ефекти на кофеинот врз срцето и крвниот систем
Ментални симптоми поврзани со употребата на кофеин
Кофеинот и ракот
Породување и кофеин
Остеопороза и кофеин
Кафе без кофеин
Болест на дојката и хипертрофија на простатата
Отфрлање на чоколадото како хранлива намирница
Својствени хемиски карактеристики на чоколадото
Адитиви кои мора да се додадат за да се затскрие горчливоста
Контаминенти во чоколадото
Пиење на црн чај
Како да престанете со користење на темни пијалоци

Pin It on Pinterest