(оваа статија е дел од серијалот Отров со големо „К“)

Една шолја кафе со невин изглед која се зема секојдневно предизвикува 1,4% губиток на коскениот калциум годишно кај жените по 50 години старост. Тоа е 14% за десет години! Многу позначајно и од препишувањето на естроген, таблети со калциум и поттикнувањето на пиење млеко поради остеопороза, е едноставното советување на луѓето да престанат да користат темни пијалоци и сродни производи.

Не е тешко да се најдат другите причини за остеопороза во современиот свет. Брзата храна содржи многу фосфати кои ги внесуваат потрошувачите. Сите газирани пијалоци содржат фосфати. Прочитајте ги состојките на амбалажата. Како нивото на фосфат расте, нивото на калциум во крвта се намалува. Покрај газираните пијалоци, црвеното месо, обработеното сирење, инстант супите и помфритот исто така содржат големи количини на фосфор. Лесно можеме да видиме зошто помеѓу современите жени има толку случаи на остеопороза. Тоа не е поради недостаток на калциум во исхраната! Никако. Губитокот на калциум е предизвикан од пореметувањето на рамнотежата на внесените хранливи материи. Ако ги додадете горенаведените причини за губиток на калциум од коските таквите нешта како што се пушењето, алкохолот и стероидите како што се кортизон и преднизон (дури и ако се користат како креми за кожа), таблети за контрацепција, тироидни додатоци, голема употреба на сол, храна богата со протеини, таблети со витамин А или Д, антациди кои содржат алуминиум (како што се амфогел, дигел, миланта, ролаиди итн) и антибиотиците од типот на тетрациклини, добивате многу силни фактори кои предизвикуваат остеопороза. Препорачуваме доста сончање, вегетаријанска исхрана и доста вежбање за да се спречи и да се излекува остеопорозата.

Една порција мешунки (грав и грашок), семки, меласа и зелен листест зеленчук содржат количина на калциум иста како и млекото, а интегралните житарки и другиот зеленчук исто така содржат помали но сепак незанемарливи количини на калциум.


Следуваат сите статии од серијалот Отров со големо „К“

Посакуваше смрт
Метилксантин – името на непријателот
Кофеин
Хемиски реакции, токсичност и болестиПравецот на Титаник
Ефекти на кофеинот врз срцето и крвниот систем
Ментални симптоми поврзани со употребата на кофеин
Кофеинот и ракот
Породување и кофеин
Остеопороза и кофеин
Кафе без кофеин
Болест на дојката и хипертрофија на простатата
Отфрлање на чоколадото како хранлива намирница
Својствени хемиски карактеристики на чоколадото
Адитиви кои мора да се додадат за да се затскрие горчливоста
Контаминенти во чоколадото
Пиење на црн чај
Како да престанете со користење на темни пијалоци

Pin It on Pinterest