(оваа статија е дел од серијалот Отров со големо „К“)

 

Веќе ги споменавме симптомите, кои настануваат при пиењето на кафе и кои се јавуваат брзо, а во нив покрај останатите спаѓаат и нервоза, пропуштени или дополнителни отчукувања на срцето, абнормална активност на гастроинтестиналниот систем, зголемен тек на урина, зголемено треперење/тресење на прстите итн. Овие ефекти обично настануваат околу 2,5 часа порано од останатите подоцнежни ефекти како замор, слабост, раздразливост и депресија. Класичните симптоми на нервоза исто така се споредни ефекти на употребата на кофеин. Долгорочните ефекти се оние кои ги вклучуваат хромозомите во клетката, процесите на учење во мозокот и многу други активности во телесната физиологија. Нашето размислување за невролошките ефекти на кофеинот во последно време се концентрира на хроничните наместо на акутните компликации.(31,32)

Кофеинот произведува значајно успорување на дотокот на крв во мозокот. По разложувањето на кофеинот, протокот на крв до фронталниот лобус значајно се зголемува. Не заборавајте дека кофеинот не се наоѓа само во пијалоците туку и во лековите против настинка и главоболка.(33) Иако веќе долго време се знае дека кафето не помага во отрезнувањето, сега истражувањата укажуваат на тоа дека има спротивен ефект, зголемувајќи ги ефектите на алкохолот!(34) Не ни е доволно познато дека болничките диететичари и медицинските сестри им даваат фармаколошки дози на кофеин на пациентите во облик на кафе, кока кола, црн чај, чоколада, во исто време кога фармацевтот дава лекови кои содржат кофеин.

Раздразливоста на нервниот систем се јавува како резултат на стимулативниот ефект на кофеинот при земање на пијалоците, а исто така и како дел од ефектот на прекин со земањето на кофеин. Двата фактори влијаат на вкупната раздразливост и фрустрација која ја доживуваат луѓето кои консумираат кофеин. Се смета дека кофеинот значајно допринесува за „насилно друштво“ кое во последните години е во пораст во современиот свет. Се поголемата злоупотреба на децата е тажен и бесмислен одраз на насилното друштво. Улогата на кофеинот во тоа не може да се пренагласи.(35)

Во една болница е утврдено дека скоро четвртина од пациентите, примени на психијатриското оделение, користеле големи количини на кафе, и покажувале далеку поголемо ниво на нервоза во однос на другите пациенти.(36,37) Кофеинот произведувал промени во стандардните мозочни бранови при сон кај нормални возрасни мажи кога се надгледувани во лабораторија за проучување на сонот. Промените укажувале на пореметување во сонот. Пореметување на сонот доведува до ментални болести, лошо расудување, губиток на памтењето, вознемиреност, лошо и непријателско расположение. Еквивалент на четири шолји кафе е користен во експериментот во лабораторија за проучување на сонот. Кафето без кофеин немало ефект на шемите на сон во ова истражување, па може да претпоставиме дека кофеинот е тој кој ги правел промените во мозокот. Многу други соединенија од кафето предизвикуваат други сериозни пореметувања и хендикепи.(38) Кога некој е под стрес, мозокот и некои други органи произведуваат група на хормони. Тие хормони циркулираат во крвта и дел нормално се излива преку урината. Овие хормони како група се наречени катехоламини. Излачувањето на катехоламините преку урината се зголемува со пиењето на кафе дури и во умерени количини, (39) што значи дека хормоните се произведуваат во зголемени количини во телото. Во многу истражувања, и нервозата и депресијата се поврзани со голема употреба на кафе кај пациенти кои се примени на психијатриските оделенија.(40) Др Павлов ги обучувал кучињата создавајќи им навики; при тоа утврдил дека додавањето на кафе го отежнало одвикнувањето на кучето од навиките. Павлов го нарекол кафето – „лепак за лоши навики“. Можеме да се запрашаме дали раширените, интензивни и трајни зависности кои денес ги наоѓаме се засилени со скоро универзалната употреба на темните пијалоци.


  1. U.S. News and World Report, Feb. 2, 1976, p. 48.
  2. Internal Medicine News, April 15, 1984.
  3. Headache 25:305-309, 1985.
  4. Medical World News, July 5, 1974, p. 32A.
  5. Medical Tribune 7/25/73.
  6. American Journal of Psychiatry, 1133:12, December 1976.
  7. American Journal of Psychiatry 131:10, October 1974.
  8. Clinical Pharmacol. Ther. 20:682-689, 1976.
  9. Metabolism 18:288-291, 1961.
  10. American Journal of Psychiatry 135:963, August, 1978.

Следуваат сите статии од серијалот Отров со големо „К“

Посакуваше смрт
Метилксантин – името на непријателот
Кофеин
Хемиски реакции, токсичност и болестиПравецот на Титаник
Ефекти на кофеинот врз срцето и крвниот систем
Ментални симптоми поврзани со употребата на кофеин
Кофеинот и ракот
Породување и кофеин
Остеопороза и кофеин
Кафе без кофеин
Болест на дојката и хипертрофија на простатата
Отфрлање на чоколадото како хранлива намирница
Својствени хемиски карактеристики на чоколадото
Адитиви кои мора да се додадат за да се затскрие горчливоста
Контаминенти во чоколадото
Пиење на црн чај
Како да престанете со користење на темни пијалоци

Pin It on Pinterest