(оваа статија е дел од серијалот Отров со големо „К“)

Пред малку го утврдивме името на непријателот. Одредени билни хемикалии наречени алкалоиди кои природно се јавуваат, содржат подгрупа наречена „метилксантини“ (кофеин, теофилин и теобромин) кои ја забрзуваат стапката на раст во некои жлездени ткива произведувајќи хормонална стимулирачка активност и стимулирачка активност на растот на телесната хемикалија наречена цикличен АМФ. Тоа е хемикалија за која веќе зборувавме и која помага во производството на енергија во клетките. Начинот на кој отровите делуваат во телото е попречување на нормалните активности на одредени телесни хемикалии како што се ензимите. Оправдувајќи ја својата класификација како отрови за клетките, „метилксантините“ ја пореметуваат работата на ензимот фосфодиестераза, кој го разложува цикличниот АМФ, исклучувајќи го сигналот за стопирање на производството на енергија или за стопирање на растот. Според тоа, оние жлездени ткива кои се чувствителни на цикличниот АМФ продолжуваат да растат. Овој фактор ја зголемува веројатноста за појава на болести во овие жлезди, и  болести во дојките како што се цисти и фиброзни тумори, така наречена фиброцистична болест на дојките која е забележана кај лица изложени на метилксантини.

Млада докторка со потполно развиена фиброцистична болест на дојките имала навика да користи големи количини на метилксантин секој ден; околу 1300мг. Разговарала со хирургот и одлучиле дека треба да престане со употреба на пијалоци кои содржат метилксантин (кафе, чај, кока кола и чоколадо) за да видат дали нејзината бенигна болест на дојките ќе исчезне. Во рок од еден месец, грутките во нејзините дојки почнале да се намалуваат. За два месеци, фиброцистичната болест исчезнала. Тоа не се одиграло без борба, бидејќи патела од силни главоболки поради одвикнувњето кои не можеле да се намалат ниту со лекови за главоболки.

Сега го знаеме добриот лек за главоболки при одвикнување, вртоглавици, и други симптоми кои се јавуваат при откажување од темните пијалоци. Едноставно оставете ја шолјата кафе или другиот темен напиток во фрижидерот. Ако симптомите се појават, земете една супена лажица од овој напиток. Почекајте 30 минути и повторете го тоа ако симптомите не исчезнале. Земајте супена лажица по потреба. Др. Џон П. Минтон од државниот универзитет во Охајо во Колумба, испитал и утврдил дека здравите дојки содржат 5,8 пикомола цикличен АМФ по милиграм протеини во споредба со 9,7 пикомола цикличен АМФ по милиграм протеини кај фиброцистичните јазли и 30,8 пикомола кај малигното ткиво во дојките. Бидејќи жените со фиброцистична болест се изложени на четири пати поголем ризик од рак на дојка во однос на здравите жени, изгледа разумно да се советуваат жените да престанат со употреба на метилксантини како мерка за контрола на ракот на дојка.(50) Ракот на дојка е многу честа и сериозна болеста кај жените.


  1. Medical World News, March 19, 1979.

Следуваат сите статии од серијалот Отров со големо „К“

Посакуваше смрт
Метилксантин – името на непријателот
Кофеин
Хемиски реакции, токсичност и болестиПравецот на Титаник
Ефекти на кофеинот врз срцето и крвниот систем
Ментални симптоми поврзани со употребата на кофеин
Кофеинот и ракот
Породување и кофеин
Остеопороза и кофеин
Кафе без кофеин
Болест на дојката и хипертрофија на простатата
Отфрлање на чоколадото како хранлива намирница
Својствени хемиски карактеристики на чоколадото
Адитиви кои мора да се додадат за да се затскрие горчливоста
Контаминенти во чоколадото
Пиење на црн чај
Како да престанете со користење на темни пијалоци

Pin It on Pinterest