(оваа статија е дел од серијалот Отров со големо „К“)
Откриено е дека кофеинот и другите метилксантини и пурини во телото се претвораат во мочна киселина. Мочната киселина е супстанца која предизвикува гихт, многу болен тип на артритис. Потоа, покрај тоа што предизвикува гихт, кофеинот и производите на неговото разложување, се способни да го попречуваат лабораториското утврдување на нивото на мочна киселина во крвта, и можат да доведат до тоа да не се постави дијагнозата гихт, поради погрешно отчитување на ниското ниво на мочна киселина. Може да се каже дека кафето ги мами научниците во лабораториите (1).
Нашиот мозок е заштитен од стимулација и надразнување со било која хемикалија која ќе се најде во крвотокот. Оваа заштитна препрека се нарекува крвно-мозочна бариера. Кофеинот успева да се провлече низ крвно-мозочната бариера и да ја стимулира кората на мозокот во делот каде се формираат мислите, и продолжениот мозок каде се регулираат телесните функции. Меѓутоа, мочната киселина не ја поминува крвно-мозочната бариера.
Во случајот на кофеинот, ефектите се јавуваат набрзо по земањето на пијалок или лек кој содржи кофеин, и траат околу четири часа. Како што може да се очекува, некои од ефектите кои веднаш се јавуваат се пореметена рамнотежа, забрзана работа на срцето, зголемена или изменета висина на гласот, несоница, брзи но неповрзани мисли, слабо памтење, замор и тремор на прстите. Некои ќе почувствуваат и необјасниво чувство на страв и вознемиреност. Другите симптоми можат да бидат одложени со часови или со денови, а во нив спаѓаат: пореметување на сонот, пореметување на памтењето, главоболка, вознемиреност, срцебиење, тремор, нестабилност, вртоглавица, хиперрефлексија, раздразнетост, забрзаност, нервоза, немирни нозе и општа неудобност.(2) Типот на пијалок или на лек и внесената количина ќе го одредат степенот на несаканите реакции. Многу луѓе мислат дека со престанувањето на тие непријатни симптоми лошите ефекти на кофеинот се завршени. Меѓутоа, тоа не е точно, бидејќи постојат и долгорочни ефекти од употребата на кофеинот. Истражувачите велат дека разновидни типови и видови на болести, се јавуваат како последица на темните пијалоци.
- Drug Therapy September 1978, p. 23.
- Psychopharmacology in the Practice of Medicine, Murry E. Jawik. Pregled dat u Journal of Family Practice 4(6):1977. 1180-1188.
Следуваат сите статии од серијалот Отров со големо „К“
• Посакуваше смрт
• Метилксантин – името на непријателот
• Кофеин
• Хемиски реакции, токсичност и болести – Правецот на Титаник
• Ефекти на кофеинот врз срцето и крвниот систем
• Ментални симптоми поврзани со употребата на кофеин
• Кофеинот и ракот
• Породување и кофеин
• Остеопороза и кофеин
• Кафе без кофеин
• Болест на дојката и хипертрофија на простатата
• Отфрлање на чоколадото како хранлива намирница
• Својствени хемиски карактеристики на чоколадото
• Адитиви кои мора да се додадат за да се затскрие горчливоста
• Контаминенти во чоколадото
• Пиење на црн чај
• Како да престанете со користење на темни пијалоци