(оваа статија е дел од серијалот Отров со големо „К“)
- Немојте да си дозволувате премногу слободно време, бидејќи работливоста предизвикува самосовладување.
- Водете дневник, бидејќи со пишувањето ќе си го одвлекувате вниманието.
- Строго контролирајте ја исхраната. Избегнувајте прејадување, употреба на шеќер и други концентрирани засладувачи и употреба на сите масла.
- Бидејќи со престанок на употребата на кофеин може да дојде до дремливост, масажа пред туширање делува како добар природен стимуланс. Правете кратки кружни движења или долги побавни движења низ кожата кон срцето.
- Капете се со млака вода 20 минути дневно или по потреба поради нервоза. Ладна или кратка топла купка (3-8 мин) проследена со жестоко масирање со груба крпа може да се примени против поспаност.
- Немојте да дозволите да дојде до дехидратација, туку пијте доста вода и јадете доста свежо овошје и зеленчук кое содржи доста течности. Престанокот на употреба на одредени пијалоци претставува само половина од битката. Втората половина ја сочинува пиењето на големи количини на обична вода за да ги подмачкате сите ткива, зглобови, мозокот, цревата и кожата. Водата (и нејзините производи) претставуваат единствено средство за подмачкување на телото.
- Држете голема чаша ладна вода при рака, или шолја билен чај (пример од нане) за да ја замените навиката на пиење темен напиток во текот на денот.
- Не грижете се поради одредени непријатни симптоми како што се вртоглавицата, болката во зглобовите, пореметувањето на видот итн, бидејќи тие претставуваат симптоми на одвикнување и ќе исчезнат во рок од неколку дена.
- Главоболката е сериозен симптом на темните пијалоци, и за олеснување може да се користи топла купка на стапалата во траење од 20-45 минути кај оние кои немаат намален артериски доток на крв до стапалата и нозете (особено се јавува кај дијабетичари зависни од инсулин). Држете ладна ткаенина на челото ако потењето се јави во текот на купката на стапалата.
- Ставете шолја темен напиток во фрижидерот. Ако се јават симпомите земете супена лажица од пијалокот и почекајте 30 минути. Ако симптомите не исчезнале, земете уште една супена лажица. Оваа процедура може да се повтори по потреба.
Завршен коментар
Ова беше напад на темните пијалоци. Нашата цел е да ја прикажеме опасноста и одвратната природа на овие производи во надеж дека внимателната личност која сака здрав начин на живот нема веќе да биде неинформирана. Се обидовме да ги прикажеме сите докази. Несомнено е дека некои се изоставени, бидејќи непрестано наидуваме на нови за кои не сме знаеле.
Следуваат сите статии од серијалот Отров со големо „К“
• Посакуваше смрт
• Метилксантин – името на непријателот
• Кофеин
• Хемиски реакции, токсичност и болести – Правецот на Титаник
• Ефекти на кофеинот врз срцето и крвниот систем
• Ментални симптоми поврзани со употребата на кофеин
• Кофеинот и ракот
• Породување и кофеин
• Остеопороза и кофеин
• Кафе без кофеин
• Болест на дојката и хипертрофија на простатата
• Отфрлање на чоколадото како хранлива намирница
• Својствени хемиски карактеристики на чоколадото
• Адитиви кои мора да се додадат за да се затскрие горчливоста
• Контаминенти во чоколадото
• Пиење на црн чај
• Како да престанете со користење на темни пијалоци