(оваа статија е дел од серијалот Отров со големо „К“)

Широко употребуваниот растварач наречен трихлороетилен некогаш беше применуван за отстранување на кофеинот од кафето, а и понатаму се користи во одредени индустрии за чистење на одредени алатки. Пријавено е дека оваа хемикалија е канцерогена кај животните. Иако во тие експерименти се применувале големи дози, не е охрабрувачки да знаете дека пијалоците без кофеин пред неколку години биле произведувани со помош на трихлороетилен.(47)

Постојат и други состојки во кафето, и во обичното кафе без кофеин, покрај кофеинот, кои ја зголемуваат способноста на овој  напиток да предизвика срцеви заболувања, рак, стимулација на централниот нервен систем и болести на системот за варење. Маслата од кафето наречено „кафеоли“ и понатаму се присутни, и го надразнуваат стомакот и остатокот од системот за варење, стимулирајќи поголемо производство на киселини. Истражувањата на младите глувци покажале дека кафето без кофеин кое им е давано на овие животни, значајно ја успорувало стапката на нивниот раст, потврдувајќи на уште еден начин присуство на други штетни супстанци покрај кофеинот.(48) Така што тоа верување, дека преминувањето кон  напиток со 97% или 100% отстранет кофеин, ќе ви ги реши сите проблеми всушност е само неостварена желба.

Искрено, употребата на кафе и на други пијалоци ослободени од кофеин наместо пијалоците со кофеин е како заменување на остар камен од левата патика за остар камен во десната патика. Овие пијалоци обично предизвикуваат губиток на чувството за вкус на храната поради пореметување на сетилата за вкус и мирис. Постарите луѓе особено можат да патат поради употребата на безкофеински пијалоци, и изгледа дека тие се  групата која најверојатно ќе премине од кофеински кон безкофеински пијалоци. Намалување на чувството за вкус на храната е поврзано со губиток на чувството за вкус на сол поради честото пресолување.(49) Секако е штета што како што квалитетот на животот станува се позначаен, бидејќи поголемиот дел од животот е позади нас, старите обрасци на навики почнуваат да го исполнуваат својето најголемо разорувачко влијание.


  1. Mailgram from General Foods Corporation June 26, 75.
  2. Life and Health, Sept. 1974, p. 5.
  3. Medical Tribune, Wednesday, August 7, 1985.

Следуваат сите статии од серијалот Отров со големо „К“

Посакуваше смрт
Метилксантин – името на непријателот
Кофеин
Хемиски реакции, токсичност и болестиПравецот на Титаник
Ефекти на кофеинот врз срцето и крвниот систем
Ментални симптоми поврзани со употребата на кофеин
Кофеинот и ракот
Породување и кофеин
Остеопороза и кофеин
Кафе без кофеин
Болест на дојката и хипертрофија на простатата
Отфрлање на чоколадото како хранлива намирница
Својствени хемиски карактеристики на чоколадото
Адитиви кои мора да се додадат за да се затскрие горчливоста
Контаминенти во чоколадото
Пиење на црн чај
Како да престанете со користење на темни пијалоци

Pin It on Pinterest