(оваа статија е дел од серијалот Отров со големо „К“)

Големата количина на шеќер е неопходна за чоколадото да биде вкусно. Шеќерот ја пореметува апсорпцијата и користењето на калциум, ја намалува способноста на белите крвни клетки за уништување на страните честички, го попречува размислувањето, поттикнува непослушност и лошо однесување кај децата, и предизвикува пропаѓање на забите и чир на желудникот. Со чоколадото мора да се комбинираат и некои видови на маслени емулзии за да се отстрани неговиот непријатен вкус и зрнестата структура. Обично таа емулзија е млеко, крем или масло од житарки што произведува масна и нездрава храна. Секоја разумна порција на чоколадно млеко ќе го успори варењето и ќе предизвика ферментација (делумно разложување на големи молекули на хранлив материјал). Кога ќе се изедат, мастите можат да предизвикаат групирање на црвените крвни зрнца, да ја блокираат капиларната циркулација во мозокот и да ги намалат менталните способности. Чоколадното млеко дефинитивно не е храна за децата. Учител од основно училиште од југоисточниот дел на Ново Мексико во 1998 година, одлучил да изврши мал експеримет, бидејќи се сомневал дека чоколадото е виновник за честото неприфатливо однесување на своите ученици. Иако неговите ученици имале навика секој ден да носат големи количини на чоколадни слатки кои ги јаделе во текот на паузата, ручекот или во текот на било која друга прилика која можеле да ја најдат, тој еден ден ја забранил нивната употреба до крајот на одреден час. Во преостанатите часови до крајот на школскиот ден, им дал на децата тест по математика кој содржел низа проблеми со умерена тежина. Учениците за кратко се задлабочиле во тивкиот свет на броевите. Учителот шетал помеѓу нив, воочувајќи како децата работат уредно и внимателно.

Петнаесет минути по почетокот на тестот, учителот му дал по малку чоколадо на секој ученик. Учениците јаделе чоколадо и ги решавале задачите. По само неколку минути, кај учениците завладеала необична промена. Тивката сериозност е заменета со немирност и губиток на вниманието. Прецизноста на пишаните знакови се изгубила. Помали пречки предизвикувале разговор и општо немирно однесување, и најголемиот дел од времето, учениците веќе не можеле да ги решаваат математичките проблеми.

Експериментот не е вршен под научни услови, но е доволен да го убеди учителот дека чоколадото, или нешто во него, не било пријател на образованието.


Следуваат сите статии од серијалот Отров со големо „К“

Посакуваше смрт
Метилксантин – името на непријателот
Кофеин
Хемиски реакции, токсичност и болестиПравецот на Титаник
Ефекти на кофеинот врз срцето и крвниот систем
Ментални симптоми поврзани со употребата на кофеин
Кофеинот и ракот
Породување и кофеин
Остеопороза и кофеин
Кафе без кофеин
Болест на дојката и хипертрофија на простатата
Отфрлање на чоколадото како хранлива намирница
Својствени хемиски карактеристики на чоколадото
Адитиви кои мора да се додадат за да се затскрие горчливоста
Контаминенти во чоколадото
Пиење на црн чај
Како да престанете со користење на темни пијалоци

Pin It on Pinterest