Добитокот и дивите животни знаат што треба да се направи кога ќе ги нападне болест. Тие јадат некои билки, а потоа бараат поток или езеро во кое ќе се искапат, или пак ќе лежат во водата, или пак ги мијат раните кои ги здобиле. Еден пес кој бил каснат од змија ѕвечарка, најнапред ја убил змијата, а потоа отишол до блискиот поток каде што легнувал во водата одвреме навреме цела седмица. По една седмица тој закрепнал целосно.
Водата е еден од најголемите помошници кои ги имаме во дневните задачи на одржување на себеси во добро здравје како и во процесот да го подобриме нашето здравје кое сме го изгубиле.
Многу е важно секојдневно да пиеме доволно вода. Бубрезите филтрираат околу 190 литри течност во текот на еден ден. Во период од 24 часа повеќе од 8 литри на дигестивен сок тече во дигестивниот тракт. Поголем дел од оваа вода се рециклира повторно и повторно преку бубрезите. Но околу 2 до 4 литри вода дневно се губат преку урината, белите дробови и преку потењето. Поради оваа причина ако не пиеме доволно вода, нашите бубези не можат да работат добро, и како резултат на тоа настануваат разни болести на бубрезите.
Препорачано е да пиеме 8 чаши вода дневно. Но најдобро е да не се пијат заедно со оброците, туку помеѓу нив. Најдоброто време за пиење на вода е веднаш по станување од спиење и 30 минути или повеќе пред секој оброк. Една или две чаши млака вода околу половина час пред оброкот може да помогне да го очисти желудникот и да го зајакне апетитот.
Некои луѓе пијат жешка или ладна вода (или друга течност) за време на својот оброк, но тоа го попречува варењето на храната. Кога водата се зема заедно со храната таа го намалува протокот на плунковата жлезда, и колку е поладна водата, толку повеќе му нашетува на желудникот. Ладната вода или ладната лимонада, испиена со оброкот, ќе го блокира дигестивниот тракт сѐ додека системот не се затопли доволно за да може желудникот да ја започне повторно својата работа.
Храната не треба да биде измиена во желудникот, затоа не е потребен ниту еден пијалок за време на оброкот и после оброкот. Колку повеќе течност е внесено заедно со храната, толку е потешко храната да се свари затоа што мора најнапред да биде апсорбирана течноста. Јадете полека и дозволете плунката да се промеша со храната. Жешките пијалоци, исто така делуваат исцрпувачки на процесот на варење.
Откриено е дека внесот на вода може да ја зголеми физичката издржливост и способност за работа за околу 80%. Кога не пиете доволно вода, крвта се згуснува и тече со поголема тежина. Ова може да предизвика проблеми на разни органи во телото, и проблеми со срцето кое мора да пумпа згрутчена крв.
Недостатокот на вода не само што влијае на здравјето, тоа исто така влијае и на работната продуктивност. Спортистите особено откриле дека само малото намалување на течности значително влијае на перформансите.
Светската Здравствена Организација официјално изјави дека процентот на болести во светот би паднал за 80% ако луѓето во земјите во развој би имале достапно чиста вода за пиење.
Водата за пиење треба да биде чиста, но тоа за жал во денешно време е сѐ потешко да се оствари. Едно од решенијата е за својот дом да си купите дестилатор за вода кој ќе ја прочистува водата. Дестилираната вода нема да ве повреди, таа само може да ви помогне. Спротивно од неа, обичната вода најчесто содржи вишок на неоргански натриум, хлор, сулфур, флуор, железо, хром, олово и други несакани минерали и тоа во доста поголеми количини од она што телото би можело да го метаболизира. Можеме да бидеме благодарни за малите, не многу скапи домашни дестилатори за вода, кои во денешно време се лесно достапни. Потребните електролити можете да ги добиете преку исхраната. Обидете се да јадете добра храна која ќе ви обезбеди доволна количина на калциум и други минерали.
Џозеф Прајс, направил детално истражување за врската помеѓу хлорираната вода со артериосклерозата во артериите. Тој открил премногу докази поради кои напишал и книга за оваа проблематика. На пример, по седум месеци секое пиле на кое му било давано хлорирана вода за пиење, развило артериосклероза, додека пак пилињата кои пиеле чиста вода немале појава на таква болест.
Еве уште еден инетересен податок: Американските војници кои биле заробени во Кореанската војна, 75% од нив биле евидентирани со коронарна артериосклероза, а во просек имале само 22 години. Со цел да ги избегнат болестите, водата која им била давана на војниците била со многу хлор. Кадмиумот во водата го зголемува крвниот притисок. ДР. Хенри Шроедер утврдил дека луѓето кои умираат од компликации со висок крвен притисок имаат тенденција да имаат невообичаено високо ниво на кадмиум во нивните бубрези. И ова најчесто се случува во градовите кои имаат високо ниво на кадмиум во водата за пиење.
Оловото, бакарот и сулфурот, исто така може да бидат опасни.
Цинкот во водата помага во заштитата на телото од кадмиум и бакар. Пациентите со висок притисок или пак со артериосклероза, со срцеви заболувања или пак со стар миокарден инфракт, генерално имаат повисоко ниво на бакар и пониско ниво на цинк во примероците од серумот и примероци од ноктите, според Светската Здравствена Организација.
Не само што шест десетини од површината на Земјата е покриена со вода, туку водта исто така е клучен фактор кој го прави животот возможен. Нема растение, животно, или било кој организам кој би можел да опстане без вода.
Нашето тело се состои од околу 70% вода. Безброј милиони ќелии внатре во нас постојано се капат во вода. И ова не е само процес на впивање, туку и активност на миење од страна на крвта. Водата во крвта носи нутритивни вредности, кислород и отпадни материи. Ако се појави повреда, коагулантот излегува од течноста за да се сопре крварењето, додека белите крвни зрнца излегуваат од крвта и почнуваат да ги напаѓаат отровните супстанци. Деликатните хемиски баланси се одржуваат со протокот на крвта, како хормоните, дигестивните материи и многу други витални супстанци кои се транспортирани преку течностите во телото до нивното назначено место.
Не е чудо што оваа скапоцена течност е потребна на човештвото, не само внатрешно, туку и надворешно.
Никако не смее да се запостави бањањето. Неопходно е да се бањаме најмалку два пати седмично. Оние кои не се во добро здравје имаат нечистотии во крвта и кожата не е во најздрава состојба. Мноштвото пори преку кои телото дише, се запушуваат и се исполнуваат со отпадни материи. Неопходно е кожата внимателно да се исчисти за да можат порите да продолжат да ја извршуваат својата функција во ослободување на телото од нечистотии; токму поради ова на болните им е неопходна предноста и благословот на бањање. За болните исто така е препорачливо бањање повеќе од два пати седмично, бидејќи тоа му е неопхоно на телото.
Без оглед на тоа дали личноста е болна или здрава, дишењето е многу поопуштено и полесно кога се практикува често бањање. Со тоа мускулите стануваат пофлексибилни, умот и телото се поосвежени, интелектот е побистар, и секоја активност станува полесна.
Бањањето ги ослободува нервите, ја поттикнува и забрзува циркулацијата, ги надминува опструкциите во системот, и делува полезно на бубрезите и уринарните органи. Бањањето помага на цревата, желудникот и црниот дроб, давајќи им нова енергија и обновување на секој од нив.
Исто така го поттикнува варењето, и наместо да слабее, системот за варење зајакнува. Со редовно бањање се зголемува отпорноста на студ, бидејќи циркулацијата е подобрена и внатрешните органи се поослободени и крвта може слободно да циркулира.
Наизменично туширање со топло-ладна вода помага во нормализирање на циркулацијата на крвта и го зајакнува телото и имуниот систем.
Ладната или млака бања е одличен тоник. Жешката бања ги отвара порите и со тоа се помага елиминирањето на нечистотијата.
Нечистотијата во телото ако не може да излезе се враќа назад во крвта и оди назад во внатрешните органи. Доколку телото не се ослободи од отровите на природен начин, тие се враќаат во органите и предизвикуваат треска што е најава за болест. Но дури и тогаш, ако оние кои се засегнати асистираат на природата во незјиниот напор да се ослободи од отровите со употреба на чиста вода, ќе имаат голема полза. Но наместо да направат сѐ за да ги извадат отровите од нивниот систем, за жал често пати посегнуваат по пиење на таблети, со кои уште повеќе го трујат организмот.
Во здравје и во болест чистата вода е непроценлив благослов. Ако се употребува правилно таа го одржува здравјето. Но во сите пресметки за вредноста на водата, имајте на ум дека таа оди заедно со правилниот начин на исхрана. Пиењето вода ни помага да го обезбедиме организмот со она што му е неопходно и поттикнува на природна заштита од болести.
Но многумина просто се плашат од водата, бидејќи нивното лично искуство никогаш не ги соочило со благословите од нејзината правилна употреба. Лекувањето со вода не се вреднува колку што би требало и многумина немаат волја да имаат полза со таа умешност, бидејќи бара многу работа. Но никој не треба да мисли дека незнаењето или индиферентноста во овој поглед ќе го оправдаат. Водата може да се употреби на многу начини за ублажување на болката и спречување на болести. Сите треба да бидат упатени во примената на едноставното домашно лекување со вода; особено жените треба да знаат како да се грижат за членовите на своите семејства, како во здравје, така и во болест.
Водата може да биде употребена на многу начини за телото да се ослободи од страдањето. Во комбинација со здрава храна, свеж воздух и физичка активност таа може да биде навистина голем благослов и освежување за телото.