НОВ ПОЧЕТОК: Осум природни лекари за комплетно здравје

Некои од нас успеале да создадат навика за правилно да се хранат, но во голема мера ја занемариле физичката активност. Други пак пијат доволно количество на вода, но ретко ги проветруваат просториите за да влезе свеж воздух. Трети иако рано одат на спиење и имаат добар сон, сепак само малку се изложуваат на сонце во текот на денот. Четврти иако се умерени и водат избалансиран живот, воздржувајќи се од сè што може да им наштети, сепак и понатаму чувствуваат внатрешен немир во себе бидејќи немаат доверба во Бог. За да бидеме комплетно здрави неопходно е да ја негуваме секоја од овие осум компоненти кои претставуваат осум природни лекари. За лесно да се запаметат ги претставуваме во вид на акроним на англиски јазик: NEW START – НОВ ПОЧЕТОК

N – Nutrition – Исрана
E – Exercise – Физичка активност
W – Water – Вода

S – Sunlight – Сончева светлина
T – Temperance – Умереност / Воздржување
A – Air – Воздух
R – Rest – Одмор
T – Trust in God – Доверба во Бог

 

…Нашето физичко здравје се одржува од она што го јадеме, бидејќи она што го внесуваме во нашето тело влијае на нашите органи и ткива. Погрешниот начин на исхрана и предавањето на задоволството на апетитот, прилично штетно влијаат на менталната и физичката ефикасност. Несоодветниот начин на исхрана, не само што го повредува нашето тело, туку го попречува и нашиот ум да функционира онака како што би требало.…

Продолжете со читање

 

Др. Рој Џ. Шепард, експерт за вежбање и стареење на Универзитетот во Торонто, изјавува: „Не ни се потребни маратони за да ги користиме придобивките од физичката активност. Доволно е малку повеќе од брзо одење од 30 минути, три до четири пати неделно. Ова може да обезбеди и до десет години подмладување.“…

Продолжете со читање

 

Водата е составен дел на крвта и сочинува околу 70% од вкупната телесна маса на една возрасна личност. Телото користи вода за: чистење, разладување и воспоставување на хемиска рамнотежа во организмот. Водата се губи преку потење, дишење и излачување. Губење на 20% вода може да доведе до смрт…

Продолжете со читање

 

Секое живо суштество во нашиот свет е зависно од сонцето. Без сончевата светлина, ништо не може да живее. Сончевата светлина се состои од енергија на бранови должини во широк спектар. Ние ќе се фокусираме на видливите зраци, заедно со инфрацрвените и ултравиолетовите зраци. Сончевата светлина може да направи чудо за нашето здравје, па дури и посреќен поглед на животот. …

Продолжете со читање

 

Со цел да се одржиме во добра физичка, ментална и духовна состојба, ние мораме да бидеме умерени во однос на нештата кои се добри и да се воздржуваме од работите кои се штетни. Треба да бидеме умерени во работата, јадењето, пиењето како и во сѐ останато. Истовремено треба да се воздржуваме од сето она што е штетно по нашето здравје. …

Продолжете со читање

 

Париз, 1875-та година, тројца научници веќе повеќе од две години работеле за овој ден. Тие внимателно се качиле во корпата на балонот „Зенит“, додека илјадници луѓе околу нив ги гледале. Биле решени да постават нов рекорд и да одат повисоко од било кој човек, што некогаш бил подигнат над земјата. Тој ден тие успеале во тоа, но по која цена? …

Продолжете со читање

 

Во многу книги кои се за здрав начин на живот едвај се спомнува нешто подетално поврзано со одморот. Повеќето упатства се за што да јадеме и што да пиеме, и како да вежбаме. Но одморот е еден од основните исцелувачи кој е познат на човештвото. Кога сме болни, што е она што прво го правиме? – Легнуваме. …

Продолжете со читање

Повеќето луѓе се сложуваат дека, кога е во прашање здравиот стил на живеење, проблемот не е толку во знаењето, колку во силата за промена која најчесто недостасува. Од друга страна пак, доколку некој и успее со своја сила најдисциплинирано да ги спроведува сите претходно наведени аспекти од програмот НОВ ПОЧЕТОК, а го занемари духовниот аспект – довербата во Бог, нема да може да живее во полнота. Нашето тело и дух се тесно поврзани – споени, затоа, занемарувањето на духовниот аспект со сигурност ќе се одрази на нарушувањето на целокупната психо-физичка состојба….

Продолжете со читање

Pin It on Pinterest