Давање на насочено внимание на вашиот тинејџер подразбира многу повеќе од гледање во очи или физички допир. Гледањето во очи и физичкиот допир ретко бараат вистинска пожртвуваност од родителите, но насоченото внимание бара. Потребно е време, а понекогаш и прилично многу време. Тоа може да значи дека ќе морате да пружите насочено внимание тогаш кога повеќе би сакале да правите нешто друго. Може да се случи тинејџерот очајно да сака насочено внимание, токму тогаш кога родителот најмалку чувствува дека може да ја пружи.

Насочено внимание значи пружање на целосно, неподелено внимание, за тинејџерот да може да се чувствува искрено сакан, за да знае дека е вреден за вашата грижа, разбирање и бескомпромисно почитување. Насоченото внимание му помага на вашиот тинејџер да почувстува дека тој ви е најважната личност на светот.

Во Светото Писмо – Библијата читаме за големо почитување кон децата. Царот Давид ги нарекол дар од Господа. А самиот Господ Исус Христос изговорил зборови на високо достоинство и големо почитување кон децата:

И кој прима едно такво дете во Мое име, Мене Ме прима. А кој наведува на грев едно од овие мали, кои веруваат во Мене, за него е подобро да му се обеси мелнички камен на вратот, и да потоне во морската длабочина.’“
(Матеј 18:5-6; Библија)

„И Му донесуваа дечиња, за да ги допре, а учениците ги укоруваа. А кога Исус го виде тоа, негодуваше и им рече: ‘Оставете ги дечињата да дојдат при Мене; не им бранете; зашто на таквите им припаѓа Божјото Царство! Вистина ви велам, кој не го прима Божјото Царство како мало дете, нема да влезе во него.’ И ги прегрна и ги благослови, положувајќи ги рацете врз нив.“ (Марко 10:13-16; Библија)

Тинејџрите не само што треба да чувстуваат дека се вредни и достојни за големо почитување, туку уште повеќе од тоа, треба да чувствуваат дека се посебни. Малку тинејџери вака се чувствуваат, но огромна е разликата кога знаат дека се посебни. Само насоченото внимание може тоа да им го покаже. Ова е значајно за развој на нивната самодоверба и силно влијае на нивната способност да воспостават односи со другите, и да ги сакаат.

 

Насоченото внимание не е некој пријатен поклон кој можете да му го дадете на тинејџерот ако тоа можностите го дозволуваат. Тоа е клучна потреба на секој тинејџер. Од начинот на кој е задоволена оваа потреба, зависи како тој ќе се гледа себеси и како ќе го прифати светот. Без насочено внимание се зголемува  тинејџерската мака, бидејќи чувствува дека на неговите родители сѐ друго им е поважно од него. Поради тоа станува несигурен, а неговиот емоционален и психолошки развој многу оштетен. Лесно е да се препознае ваков тинејџер. Воопштено, тој е помалку зрел и помалку сигурен во себе од тинејџерите чии родители ја задоволуваат нивната потреба за насочено внимание. Овој несреден тинејџер обично е повлечен во себе и има потешкотии во комуникацијата со врснците. Тешко му е да излезе на крај со нешто и обично реагира лошо при некој судир. Премногу зависи од другите, вклучувајќи ги и врсниците, и е подложен на нивниот притисок. Од друга страна, некои помлади тинејџери, особено девојчињата кои не добиваат насочено внимание од татковците, реагираат на целосно спротивен начин. Тие се зборлести, манипулативни, склони да ги драматизираат работите, а често и заводливи. Често се сметаат за прерано развиени и претерано зрели за својата возраст. Кога ќе пораснат, овој образец на однесување не се менува, не станува позрел, туку постепено станува несоодветен. Постарите тинејџери кои не добиваат насочено внимание, обично се неподносливи, како кон врсниците така и кон возрасните. Меѓутоа, дури и тогаш, насоченото внимание, особено ако го пружаат татковците, може многу да го намали самоодбрамбеното однесување и тежина и да ги ослободи да продолжат зрело да се развиваат.

Иако насоченото внимание е најголемата потреба на тинејџерот, сепак многу родители  имаат потешкотии да ја препознаат оваа потреба и да ја задоволат. Постојат повеќе причини за тоа. На пример, други работи кои ги прават за своите тинејџери: услуги, поклони и исполнување на необични барања – кои едно време изгледаат како добра замена за насочено внимание. Овие работи можат да бидат добри, но голема е грешката ако постојано ги употребуваме наместо искрено насочено внимание. Таквата замена ги доведува родителите во искушение, бидејќи многу е полесно да се дадат услуги и поклони, а тоа бара и значително помалку време. Но, тинејџерите нема да даваат сѐ од себе, нема да се чувствуваат најдобро и нема да се однесуваат на најдобар начин доколку не ја добијат таа скапоценост – насочено внимание од своите родители.

После ова сознание за неопходноста од насочено внимание кон своите тинејџери, можеби ќе кажете: „Не можам секоја обврска и одговорност во мојот живот да ја извршувам на начин на кој би сакал/а. Едноставно немам доволно време. Што можам да направам за тоа?“ – Постои само еден одговор и тој не е ниту малку едноставен: „Морате да одредите приоритети, да поставете цели и да го испланирате времето за да го пополните соодветно. Морате да го контролирате вашето време за најпрво да се погрижете за најважните работи.“

Кои се вашите приоритети? Како вашите деца се вклопуваат во нив? Дали се на прво место? – Или пак на второ? – Трето? Тоа морате да го одредите. Во спротивно, тие ќе бидат долу на листата на приоитети и ќе страдаат поради вашите запоставувања. Никој наместо вас не може да одлучи што во животот ви е најважно. Морате да му дадете предност на она што сте го испланирале, или на оние работи кои произлегуваат од потребите на вашите тинејџери. Таквите прилиќи ќе ги има помалку од она што можете да замислите, бидејќи вашите деца кратко време се тинејџери.

Pin It on Pinterest