Секој добар дар и секој совршен подарок доаѓа одозгора, од Таткото на светлината, во Кого нема измени, ниту сенка од промена.
(Јаков 1:17 ; Библија)

Еве, синовите се дар од Господа, Негова награда е: плодот на утробата.
(Псалм 127:3 ; Библија)

Упатувај го детето по неговиот пат, па кога и ќе остари, нема да отстапи од него.
(Изреки 22:6 ; Библија)

За мене нема поголема радост од тоа: да чујам дека моите деца одат во вистината.
(3-то Јованово 1:4 ; Библија)

И сите твои синови ќе бидат научени од Господ, и голема среќа ќе има меѓу синовите твои.
(Исаија 54:13 ; Библија)

Праведникот оди по својата непорочност: блажени се децата негови по него.
(Изреки 20:7 ; Библија)

Воспитување на деца

 

Воспитувањето на деца е најтешката и најодговорна задача со која луѓето се соочуваат. Од друга страна, тоа е задача за која тие добиваат најмалку формална обука. Знаењето на родителите за тоа како да го воспитаат своето дете, вообичаено доаѓа од нивните опкужувања, нивните искуства и од начинот на кој тие биле воспитувани. Ова може да резултира во формирање модели од социјалните искуства на родителите, кои ги повторуваат и пренесуваат на сопствените деца. Но што ако тие искуства не биле најдобри или што ако тие модели се далеку од соодветени за предизвиците на денешницата?

Не постои можност да му оддадете „премногу важност“ на воспитувањето на своите деца. Научените лекции и стекнатите навики, за време на најраните години и детството, имаат многу поголемо влијание врз формирањето на карактерот и насоките во животот на вашето дете, отколку сите инструкции, обуки и образование во подоцнежните години. За жал многу родители ја занемаруваат својата должност во првите години од животот на своите деца, мислејќи дека кога децата ќе потпораснат, тек тогаш ќе обрнуваат поголемо внимание, ќе го потиснат она што е погрешно и ќе ги воспитаат на она што исправно. Но, вистинското време за да го направат тоа е кога децата се уште мали.

Веруваме дека овој серијал од текстови за воспитување на детето може значително да ви помогнеме да ја подобрите вашата улога како родител, да ги разберете вашите деца и нивните потреби, да ја унапредите комуникацијата со нив, да знаете како да се поставите во специфични ситуации. Сигурни сме дека ќе научите работи за кои до сега не сте биле свесни колку се важни и дека уште повеќе ке ја сфатите неопходноста од пружањето на безусловна љубов кон вашите деца и поставувањето на логични, реални очекувања кон нив – кои ќе ги изразувате со јасни и едноставни зборови за да би можеле со сигурност да ги разберат.

Воспитување на тинејџери

 

Вашите деца повеќе не се мали деца. Тие се тинејџери и затоа е време да ги унапредите вашите родителски вештини, да соодветствуваат на новите предизвици. Најверојатно веќе сте забележале дека вашето дете има многу попроменливо расположение, отколку кога било помало. Сега имате многу повеќе работи на кои треба да мислите: останување надвор до покасно, излегување, екскурзија или годишен одмор без ваше присуство, ризик од пороци, подложни на манипулација, лесна раздразливост, возење во кола на свои другари кои се неискусни возачи, љубовни разочарувања… и обично по некој/а другар/ка кои предизвикуваат да ви се кренат веѓите секогаш кога ќе помислите на нив. Едно е сигурно, вашите тинејџери ќе го тестираат вашето трпение, вашите лимити на издржливост. Но, тие сеуште се ваши деца. И покрај фактот што одбиваат да го признаат тоа, вие сеуште сте им толку многу потребни – најпотребни!

Сите родители многу добро знаат дека е многу тешко да се биде родител на тинејџер, можеби и најтешко. Една од главните причини за тоа е што тие поголем дел од своето време го поминуваат под влијание на некој друг: професорите на училиште, врсниците, другарчињата, телевизијата, компјутерите и мобилните телефони. Повеќето родители чувствуваат дека и покрај нивниот труд, само малку влијаат на тинејџерите. Но, вистината е целосно спротивна. И покрај сите други влијанија, домот и понатаму има најголемо влијание. Домот повеќе од сѐ одредува колку ќе биде среќен тинејџерот, колку ќе биде сигурен и стабилен; како ќе се однесува кон возрасните, кон своите врсници и кон другарчињата, како ќе реагира на нови или непознати ситуации, како ќе се развивива неговата личност – која во огромна мера ќе го одреди останатиот дел од неговиот живот. Без оглед на многуте попречувања во животот на тинејџерот од сите страни, сеуште домот има најголемо влијание на неговиот живот. Тоа ни влева голема надеж дека сепак, како родители сме во можност за нашите тинејџери да направиме многу, најмногу. Но истовремено ја сфаќаме одговорноста која се наметнува во немањето можност да најдеме изговор дека неуспехот во воспитувањето не зависи од нас.

Pin It on Pinterest