ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ: Дали знаевте дека еден час лишување од сон го зголемува бројот на сообраќајни незгоди за 8 проценти, а еден час дополнителен сон ги намалува сообраќајните незгоди за 8 проценти? Вистина е, и истражувањата покажале дека тоа се случува секоја година за време на промена на летното сметање на времето.
Добивањето на добар и квалитетен сон е од суштинско значење. Вашата ефикасност во возењето откако сте биле будни 18 часа е иста како и возењето откако сте се напиле два алкохолни пијалаци. Кога сте будни во текот на 24 часа вашата ефикасност во возењето е еднаква на возење под влијание на 4-6 алкохолни пијалоци!
Дали луѓето денес спијат помалку од нивните прадедовци? – Да, голем процент од денешната популација има проблеми со спиењето. Поради вештачките светла, телевизорот, интернетот и кофеинот, луѓето денес спијат околу еден час помалку за разлика од нивните прадедовци. Оваа бројка можеби не е зачудувачка сама по себе, но со оглед дека здравиот сон е еден од најважните елементи во процесот на заздравувањето, ова е алармантна состојба за здравјето на луѓето.
Што не е во ред со малку кофеин за да ве расони? Хормонот аденозин предизвикува релаксација за да ни помогне да спиеме, но кофеинот ја блокира комуникацијата помеѓу аденозинот и мозокот, ве држи „будни“ и ја исклучува одбраната на телото поради повреда од исцрпеност. Алкохолот исто така го оградува телото од длабок сон. Корисниците на тутунот пропуштаат подлабок сон поради никотинот. И антидепресивите (дури и таблетите за спиење), исто така, можат да го намалат здравиот сон којшто го одржува здрав вашиот ум.
Оптималните перформанси доаѓаат со девет часа спиење секоја ноќ. Испраќањето на вашите деца рано во кревет веќе не е „затоа што јас така кажав“ случај. Според една студија, децата на училишна возраст, кои имале помалку од девет часа спиење, имале драматично повисоки стапки на дебелина и зголемени проблеми со темпераментот; а оние кои си легнуваат по 9 часот биле најмногу изложени на ризик за развој на овие компликации.
Да се спие доволно е многу важно, но Исус рекол дека постои време во кое треба да се остане буден по секоја цена. Апостол Павле објаснува: „Да одиме пристојно како дење, не во гозби и пијанки, не во блуд и страстољубие, не во препирки и зависти, туку облечете се во нашиот Господ Исус Христос, и не мислете како да ги задоволите похотите на телото.“ (Римјаните 13:13.14; Библија). Кога правилно ќе се одмориме, физички и духовно во Христа, ќе можеме да функционираме со чист ум.
КЛУЧЕН БИБЛИСКИ ТЕКСТ
„И правете го тоа затоа што го знаете времето во кое сме, зашто е веќе време да се разбудите од сонот; зашто сега спасението ни е поблизу, отколку кога поверувавме.“ (Римјаните 13:11; Библија)