НЕВЕРОЈАТЕН ФАКТ: Луј Брајл (1809-1852) бил пронаоѓач на Брајловиот систем на читање за слепи лица. Преку серија организирани испакнувања што претставуваат писма, овој систем им овозможува на луѓето без светлост да уживаат во истите пишани материјали како и луѓето со нормален вид. Меѓутоа, г-дин Брајл не бил роден слеп. Тој станал слеп откако случајно се прободел во окото со шило на својот татко.

Иако тоа била лична трагедија, несреќата на Брајл довела до развој на Брајловиот систем, кој сè уште е широко користен и денес. Безброј лица кои се слепи и со оштетен вид имаат корист од пронајдокот. Така, неговата несреќа довела до многу поголемо добро што им служи на многу луѓе.

Исус бил повикан да исцели слеп човек кој го молел за тоа. Неговите ученици прашувале дали е слеп поради неговиот грев, или гревовите на неговите родители. „Исус им одговори: ‘Ни тој, ниту родителите негови згрешиле, туку за да се јават делата Божји врз него.’“ (Јован 9:3; Библија). Бог не дозволува Неговите деца да страдаат неоправдано. Иако слепиот човек сигурно страдал во текот на својот живот, неговото слепило го направило да го „види“ Исуса, а тоа довело до негово спасение. Дополнително, неговата приказна ја зајакнала верата на многу читатели на Библијата низ времето.

Кога ќе настане трагедија, мора да се потсетиме дека Бог е поголем од трагедијата и дека Тој мора да има поголема намера – или во спротивно би ја спречил трагедијата да се случи. Како г-дин Брајл и слепиот човек во времето на Исус, ние треба да дозволиме Бог да го користи нашето страдање на Неговата слава. Големо добро, па дури и спасението, може да дојде од предавање на Бога среде мака.

КЛУЧЕН БИБЛИСКИ ТЕКСТ
„И во тој ден глувите ќе ги чујат зборовите од книгата, и очите на сле­пите ќе прогледаат од темнината и мракот.“ (Исаија 29:18; Библија)

Pin It on Pinterest