ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ: Проценетата вредност на комплетната копија од оригиналната Гутенбергска Библија е неверојатни 30 милиони долари. Индивидуалните страници се продаваат за околу 20.000 до 100.000 долари!
Мудар стих: „Секој збор од Бога е чист; Тој му е штит на оној, што се надева на Него. Не додавај кон зборовите Негови, за да не те разобличи, и да не излезеш лажливец.“ (Пословици 30:5.6; Библија).
Гутенбергската Библија, прво отпечатена во 1454 година, била првата главна книга отпечатена со подвижни променителни метални букви во западниот свет. Пред да се создаде оваа Библија, книгите морале да бидат испечатени од дрвени блокови врежани со букви или копирани рачно. Понекогаш за тоа требало многу години за да заврши.
Јоханес Гутенберг бил првиот Европеец што печател со подвижни метални букви. Овој генијален човек исто така ја измислил штампарската машина, која ја користел за печатење на сега познатата Библија. Гутенберговата Библија содржи 1.272 страници. Рубриките или декоративните наслови биле рачно насликани на некои од копиите од Библијата, а квалитетот на печатењето во повеќе бои бил одличен. Некои луѓе сметаат дека Гутенбергската Библија е една од најубавите книги во светот.
За жал, од повеќе од 150 оригинални примероци, се знае дека постојат само 49 примероци од оваа Библија, а од нив само 21 се комплетни. Иако повеќето од примероците се во Европа, неколку се во Северна Америка и уште неколку во други делови на светот.
Гутенбергската Библија, како што е една импресивна, важна и вредна книга, зборовите содржани во неа се вистинско богатство. Тоа се „…Светите Писма, кои можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса.“ (2 Тимотеј 3:15; Библија). Крајната цел на Библијата е да ни помогне да најдеме спасение.
Постои предупредување во нашиот стих за ова утро: „Не додавај кон зборовите Негови, за да не те разобличи, и да не излезеш лажливец.“ (Пословици 30:6; Библија). Некои луѓе „ги превртуваат“ зборовите на Писмото за да одговараат на нивната сопствената цел. Но, ние треба да внимаваме никогаш да не ги превртуваме, промениме или да го свртиме значењето на библиските пасуси.
Нашиот стих исто така ни кажува дека „секоја Божја реч е чиста“. Ова е слично на псалмот во кој пишува: „Зборовите на Господ се зборови чисти, сребро во оган исчистено од земја, седумпати пречистено.“ (Псалам 12:6; Библија). Бидејќи Писмото (Библијата) ја содржи најчистата вистина во универзумот – самите зборови на Бог – можеме да ја ставиме целосната доверба во она што го вели Библијата.
Господи, благодарам за скапоцената порака на спасението што ми ја даде во Твојата скапоцена Реч.
КЛУЧЕН БИБЛИСКИ ТЕКСТ
„Зборовите на Агур, син Јакеов; негово пророштво, кажано на Итиел, на Итиел и Укал. Навистина, јас сум понеук од кого и да било меѓу луѓето, и во мене нема разум човечки, и не се научив на мудрост, и не успеав да Го запознаам Сесветиот. Кој се искачил на небото и слегол оттаму? Кој собрал ветар во пазувата своја? Кој врзал вода на наметката своја? Кој ги поставил сите краишта на земјата? Како му е името? И кое е името на синот негов? Знаеш ли? Секој збор од Бога е чист; Тој му е штит на оној, што се надева на Него. Не додавај кон зборовите Негови, за да не те разобличи, и да не излезеш лажливец, а две работи те молам; не ми откажувај пред да умрам: суетата и лагата оддалечи ги од мене, сиромаштија и богатство не ми давај, – храни ме со насушниот леб, откако ќе се пренаситам, да не се откажам од Тебе и да кажам: ‘Кој е Господ’ или, откако ќе осиромашам, да не почнам да крадам и да го употребувам името на мојот Бог напразно. Не клевети го слугата пред господарот негов, за да не те проколне, и ти да останеш виновен. Има изроди, кои го колнат својот татко и не ја благословуваат својата мајка. Лошото чедо се смета за чисто, а не е измиено од нечистотиите свои. Лошото чедо високо ги држи очите свои, и толку се кренати клепките негови! Има изроди чии заби се како мечеви, а вилиците нивни се како ножеви, за да ги изедуваат сиромасите по земјата и немоќните меѓу луѓето. Ненаситноста има две ќерки: ’Дај, дај!’ Има три работи ненаситни и четири што не велат: ‘Доволно е.’ Тоа се: пеколот и утробата неплодна, земјата што не се наситува со вода, и огнот, кој не вели: ‘Доста!’“ (Пословици 30:1-16; Библија)