ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ: Дали знаевте дека скоро 80% од Американците веруваат дека духовната вера и молитвата можат да им помогнат на луѓето да закрепнат од болест или повреда? Во анкетата на 269 лекари во Американската академија за семејни лекари, 99% велат дека религиозните верувања можат да придонесат за побрзо заздравување. Кога биле запрашани за лични искуства, 63% рекле дека Бог интервенирал за подобрување на сопствените здравствени состојби.
„Многу Американци се потпираат на молитвата и духовноста во корист на здравјето“, рекол Стивен Е. Штраус, поранешен директор на Националниот центар за комплементарна и алтернативна медицина во Националниот институт за здравство. Навистина, истражувањето од 2004 година на повеќе од 31.000 возрасни луѓе спроведено од истражувачи во Националниот центар за здравствена статистиката и Националниот центар за комплементарна и алтернативна медицина, откриле дека молитвата е најчесто користената практика меѓу сите пристапи споменати во истражувањето.
Во една студија во Американското списание за промоција на здравјето (мај-јуни 2005 година) било откриено дека луѓето кои се молат имаат поповолни однесувања поврзани со здравјето, имаат помалку превентивни посети и се позадоволни од услугите на нивната медицинска нега. Околу 47% од испитаниците во оваа студија се молеле за нивното здравје, а 90% верувале дека молитвата го подобрува нивното здравје.
Значи релевантно е докажано за верата така што дури и престижни медицински списанија како „Архивата на интерната медицина“, развиле духовни прашалници за да се процени нивото на доверба на пациентот во Бога. Науката навистина го препознала она што секој човек од верата интуитивно го познавал со векови – верата во Бога може да биде многу корисна за вашето здравје!
Апостол Павле ги охрабрувал верниците да се молат за сè. Кој е резултатот? „И Божјиот мир, што го надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Христа Исуса.“ (Филипјаните 4:7; Библија). Јаков всушност ни дава јасни инструкции за молење за болните: „Боледува ли некој меѓу вас, нека ги повика старешините на црквата, и тие нека се помолат над него, и нека го помажат со масло во името на Господа, и молитвата на вера, ќе го спаси болниот и Господ ќе го крене, и ако направил гревови, ќе му бидат простени.“ (Јаков 5:14.15; Библија).
Понекогаш Бог избира чудесно да ги излекува нашите тела, но она што е сигурно е дека нашите гревови ќе ни бидат простени и ќе уживаме во вечен живот. Ние сме безбедни во Божјите раце кога се молиме.
КЛУЧЕН БИБЛИСКИ ТЕКСТ
„Боледува ли некој меѓу вас, нека ги повика старешините на црквата, и тие нека се помолат над него, и нека го помажат со масло во името на Господа, и молитвата на вера, ќе го спаси болниот и Господ ќе го крене, и ако направил гревови, ќе му бидат простени.“ (Јаков 5:14.15; Библија).