ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ: Според една книга за брак објавена во 2007 година, првиот брак има 20% можност да заврши со разводот во рок од пет години. По 10 години, бројот се зголемува на 33%.
Браковите треба да бидат доживотно ангажирање меѓу две лица, завет за љубов и меѓусебно подржување во добро и во зло. Но, разводот многу често ги спречува овие ветувања да бидат исполнети. Иако разводот постои илјадници години, со тоа што Бог дури и обезбедил правила за развод на древните Евреи, нашето современо општество се чини дека разводот го донеле на ново ниво. Некои статистички податоци покажуваат дека дури половина од сите бракови во САД завршуваат со развод.
Книгата „Песна над песни“, од Библијата, ја открива длабочината на Божјата посветеност кон Неговата Црква преку поезија и фигуративен јазик и открива вид на врска со Бога којашто Тој очекува Неговата Црква да ја има. Женската фигура во приказната ја претставува Црквата, и таа јасно вели: „Јас му припаѓам на мојот возљубен, и тој има желба по мене.“ (Песна над песни 7:10; Библија)
Дали сте го предале целосно својот живот на Исуса? Можете ли да го наречете „мојот возљубен“ и искрено да кажете дека сте Негови? Библијата ветува дека „Неговата желба“ е кон Црквата. Дали денес ќе бидете верни брачни другари и ќе Му го предадете целосно својот живот на Исуса?
За разлика од многуте бракови на Земјата, бракот меѓу Христос и Неговата невеста ќе трае вечно и никогаш нема да заврши. Неговото помирување на крстот обезбедило средства за овој брак да се случи, и Тој ве повикува денес да учествувате во оваа божествена заедница. Сѐ што треба да направите е да кажете „да“ на Бога.
КЛУЧЕН БИБЛИСКИ ТЕКСТ
„Мажи, љубете ги своите жени, како што и Христос ја возљуби Црквата и Се предаде Сам Себеси за неа.“ (Ефесјаните 5:25; Библија)