ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ: Во 1896 година, Алберт Кук отпатувал за Уганда како медицински мисионер. Во својот живот тој ја основал најстарата болница во Источна Африка, обучил безброј медицински лекари, отворил акушерска школа и воспоставил центар за лекување на СПБ и на спиечка болест, како и училиште за медицински асистенти.

Во ерата на дискриминација и предрасуди против луѓето од Африка, британскиот медицински мисионер Алберт Кук се издвојувал како необичен пример за еднаквост и служба. По почетокот на медицинската работа во Африка, тој ја препознал очајната потреба за обучени локални медицински работници и одлучил да преземе акција. За Кук мисионерската работа значела да се препознаат потребите на луѓето околу себе, и да се направи што е можно за да им служи.

Неговите постапки ги одразуваат зборовите на апостол Јаков: „Ако некој брат или сестра се голи и без секојдневната храна, па некој од вас им рече: ‘Одете си во мир, стоплете се и наситете се!’ а не им даде она, што им е потребно за телото, каква е ползата?“ Споделувањето на Божјата љубов често започнува со акција. Во Соединетите Американски Држави, потребата за храна и медицинско внимание можеби не е толку очајна колку што е во другите земји, но луѓето исто така имаат емоционални потреби. Покажувајќи им на другите, за кои се грижиме, дека се интересираме за нивниот живот, и да претставуваме разлика за нив, често е првиот најдобар чекор во ширењето на Евангелието за Христовата љубов и жртва за секој човек на земјата.

КЛУЧЕН БИБЛИСКИ ТЕКСТ
„Ако некој брат или сестра се голи и без секојдневната храна, па некој од вас им рече: ‘Одете си во мир, стоплете се и наситете се!’ а не им даде она, што им е потребно за телото, каква е ползата? Така и верата: ако нема дела, мртва е сама по себе“. (Јаков 2:15-17; Библија)

Pin It on Pinterest