ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ: Божјиот храм во Ерусалим бил уништен од царството Вавилон кога го освоил Јуда. Повторно бил изграден по завршувањето на еврејското робство, но новиот храм бил помал од првиот. Ирод Велики наредил масовно обновување на храмот, кое започнало околу 20 година пред Христа, а градењето продолжило до околу 64 година по Христа. Сепак, храмот повторно бил уништен, овој пат од страна на Римјаните, во 70 година по Христа.

Библијата вели дека видливото присуство на Бога, понекогаш наречено Шекина, се покажало над преносливото светилиште што Израелците го имале при нивното талкање во пустината и во раните денови на израелскиот народ; тоа присуство, исто така, било во храмот изграден од Соломон. Пророкот Езекиел гледа дека ова присуство отстапува од храмот во визија што ја има пред уништувањето на Вавилон.

Во Библијата не е забележано дека Божјото присуство – Шекина се вратило откако Храмот бил повторно изграден. Иако Исус дошол во храмот на Ирод за време на Неговата служба, не постои запис за Божјото присуство – Шекина во Храмот по деновите на Вавилон.

Сепак, Езекиел има друга визија за повторно изграден Храм, која се наоѓа од вториот дел од неговата книга. Во глава 43, тој гледа дека „славата на Израелевиот Бог“ се враќа во овој храм. Тоа што не постои библиски или историски доказ за ова, покажува дека храмот што Езекиел го видел во визијата никогаш не станал реалност.

Меѓутоа, Библијата ветува дека Божјото присуство повторно ќе живее со Својот народ. Во Новиот Ерусалим, градот на небото, Божјиот народ ќе живее со Бога засекогаш. Иако визијата на Езекиел никогаш не станала реалност на Земјата, таа делува како пророштво за Небесното Царство што доаѓа.

КЛУЧЕН БИБЛИСКИ ТЕКСТ
„Храм, пак, не видов во него, бидејќи Господ Бог Седржителот и Јагнето се неговиот храм. И градот немаше потреба ни од сонце, ни од месечина за да светат во него, зашто Божјата слава го осветлува, а светило му е Јагнето.“ (Откровение 21:22.23; Библија)

Pin It on Pinterest