ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ: Под нормални услови во дивината, скорпијата се појавува во различни нијанси на кафеава и црна боја. Но под ултравиолетовата светлина, од причини што допрва треба да се откријат, скорпијата станува флуоресцентна, што им олеснува на научниците да ги проучуваат ноќе.

Како отровен инсект со тежок екстериер и остро боцкало, изгледот на скорпијата е прилично заканувачки. Инсектот, исто така, е многу робустен, така што може да преживее кога замрзнува преку ноќ, следното утро би се одмразнал и би заминал неповреден. Може дури и да живее со многу малку храна на подолг временски период, но како месојаден инсект, кој може да преживее во многу средини, може да јаде сè што сака.

Во Стариот Завет, Бог ја користи сликата на скорпија за да му укаже на пророкот Езекиел, кој бил повикан да пророкува за Израел. Во лицето на лута, бунтовна нација, Езекиел морал да се соочи со голем страв, но Бог го уверувал: „А ти, човечки сине, не бој се од нив и не плаши се од нивните зборови, иако трње те опкружува, и седиш меѓу самите скорпии. Не плаши се од нивните зборови и не бој се ни малку од нивниот поглед, зашто тие се род одметнички.“ (Езекиел 2:6; Библија)

Израелскиот одговор на Божјите зборови преку Неговиот пророк веројатно бил многу опасен, така што сликата на отровна скорпија била навистина реална! Но, Бог го уверил Езекиел да не се плаши. Кога Бог нè повикува на задача, Тој секогаш ќе оди покрај нас.

КЛУЧЕН БИБЛИСКИ ТЕКСТ
„А ти, човечки сине, не бој се од нив и не плаши се од нивните зборови, иако трње те опкружува, и седиш меѓу самите скорпии. Не плаши се од нивните зборови и не бој се ни малку од нивниот поглед, зашто тие се род одметнички. Зборувај им ги моите зборови, послушале тие или непослушале, зашто се одметнички род.“ (Езекиел 2:6.7; Библија)

Pin It on Pinterest