ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ: Меѓу најбрзите инсекти, вилинските коњчиња се регистрирани на повеќе од 40 километри на час. Фосилите исто така ни кажуваа дека пред поплавата, некои вилински коњчиња имале крила од околу 30 сантиметри. И тие се силни! Околу половина од нивната телесна маса е посветена на мускулите за летање, и тие имаат способност да подигнат повеќе од двојна телесна тежина – постигнување што ни едно, од човек направено воздушно летало, не постигнало ниту приближно!
Вилинските коњчиња, исто така, можат да слетаат наназад, брзо да забрзат, а потоа да запрат во еден момент. Тие, исто така, можат да направат превртување во воздух, и да го летаат речиси секој маневар користејќи скоро бескрајна комбинација од четри крила.
Не само што вилинските коњчиња можат да маневрираат и со друго освен со крилја, имаат исто така и подобар вид! Нивните обложени очи содржат повеќе од 30.000 леќи, обезбедувајќи видно поле од 360 степени. Всушност, едно вилинско коњче може да ја види метата во своето гнездо на три метри далечина, да одлета и да го проголта пленот, а потоа да се врати во нејзината седалка за една секунда. Американските Воздухопловни Сили ја проучувале и неверојатната летливост на вилинските коњчиња во ветерните тунели, надевајќи се дека ќе ја откријат тајната на нивните неверојатни аеродинамички способности.
Библијата ни кажува дека Бог може да нѐ издигне и да се грижи за нас под секакви околности. „И така, понизете се под силната Божја рака, за да ве возвиши во право време.“ (1 Петрово 5:6; Библија). Не постои ситуација премногу тешка, нема суд премногу голем, нема проблем премногу сложен, низ кои Господ Бог не може да ве пренесе. Божјите ангели ги надминуваат силата и вештината на сѐ што можете да си замислите, па и на вилинските коњчиња. Ангелите брзо се забрзуваат при нашиот повик и Божјата заповед да ни помогнат.
Но, постои тајна за некој да се издигне. Прво треба да се поклони со понизност. Освен ако не ја признаеме нашата беспомошност, не можеме да бидеме отворени да ја примиме неверојатната помош којашто Бог е подготвен да ја даде.
КЛУЧЕН БИБЛИСКИ ТЕКСТ
„И секоја своја грижа фрлете ја на Него, зашто Тој се грижи за вас.“ (1 Петрово 5:7; Библија)