ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ: Плацебо е безопасна таблета или раствор направен од неутрална супстанција, како шеќер или скроб, што се користи за да се избегне пристрасност при тестирање на нови лекови. Но, во некои тестови, пациентите доживеале драматични резултати од овие плацебо таблети само од верувањето дека таблетата ќе им помогне.

Лекарите примениле плацебо кај пациенти за кои се верува дека имаат неизлечиви болести за да го предизвикаат т.н. плацебо ефектот: привремено или дури постојано подобрување на состојбата на пациентот, што соодветствува на нивната вера во докторот или во медицината. Во 1955 година, една студија на д-р Хенри Ноулс Бикер известила дека кај 35 проценти од пациентите состојбата се подобрила само со употреба на плацебо таблети.

Мало е разбирањето за тоа како ова функционира, но една теорија е дека верата на пациентот во лекот може да биде поврзана со ослободување на мозочни хемикалии кои помагаат да се промовира лекувањето. Можеби ова е една од причините зошто Исус секогаш им викал на оние што ги исцелувал: „Твојата вера те спаси.“ („Исус му рече: ‘Оди си, верата твоја те спаси!’ И тој веднаш прогледа, па тргна патем по Исус.’“ – Марко 10:52; Библија)

Современата медицина се враќа на заклучокот дека верата на човекот има голема врска со нивниот број на закрепнување. Всушност, во Reader’s Digest од 2001 година е објавена студија на национално ниво која покажала дека оние кои редовно присуствуваат на богослуженија имаат седумгодишен подолг животен век од оние кои никогаш не присуствуваат. Библијата исто така учи дека вечниот животен век на едно лице е директно поврзан со неговата вера.

Тома се борел со вера. Тој рекол: „Додека не ги видам раните од клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам!“ (Јован 20:25; Библија). За среќа на Тома, Исус му се открил и тој поверувал.
„А по осум дена учениците Негови пак беа собрани, и Тома со нив. Дојде Исус, кога вратата беше заклучена, застана меѓу нив и рече: ‘Мир вам!’ Потоа му рече на Тома: ‘Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив, туку поверувај!’
Одговори Тома и Му рече: ‘Господ мој и Бог мој!’
Исус му рече: ‘Тома, ти поверува затоа што Ме виде; блажени се оние кои не виделе, а поверувале.’“ (Јован 20:26-29; Библија)

Јовановото Евангелие има намера да ја зајакне верата на луѓето кои физички не Го виделе Исуса. Додека не стигнеме на небо, можеме да ја оствариме нашата вера во воскреснатиот Господ додека го читаме Писмото (Библијата), се молиме и го слушаме Неговиот глас како зборува во нашите срца. Верата ќе нè промени; Христос е повеќе од плацебо таблета.

КЛУЧЕН БИБЛИСКИ СТИХ
„А овие се запишани за да поверувате дека Исус е Христос, Синот Божји, и верувајќи да имате живот во Неговото име.“ (Јован 20:31; Библија)

Pin It on Pinterest