ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ: Во април 2003 година, Арон Ралстон имал сериозна несреќа додека пешачел сам во „Canyonlands“ – Националниот парк во Јута. Десната рака му завршила под камен од 360 килограми, кој бил исфрлен. Откако бил заробен шест дена, тој извршил делумна ампутација на раката со повеќенаменска алатка, со цел да се спаси. Потоа се искачил од кањонот, се спуштил по ѕидот од 65 метри и почнал да пешачи осум километри пред да биде пронајден.

Приказната на г-дин Ралстон е сигурно неверојатна – дури е направен и холивудски филм за тоа. Постојат и многу други страшни приказни, како оваа, за човечкиот опстанок против сите судири. Овие приказни го покажуваат неверојатниот нагон што луѓето го имаат да преживеат.

Сатаната знае за овој нагон. Во второто поглавје во книгата на Јов, тој го предизвикува Бога да го испита Својот слуга, тврдејќи дека „за животот свој човек ќе даде сѐ што има“ (Јов 2:4; Библија). Сатаната бил сигурен дека Јов ќе Го проколне Бога ако му се заканува животот и здравјето. За да ја покаже лојалноста на Јов, Бог го дозволил тој тест, со барање до сатаната: „само душата не земај му ја.“ (Јов 2:6; Библија).

Оваа небесна контроверзност ни покажува многу што се случува во духовниот свет над нас. Тоа покажува, прво, дека лошите работи што се случуваат на Земјата не се предизвикани од Бога, туку се дозволени од Него. Додека тоа може да биде тешко да се разбере среде несреќата, мора да се потсетиме дека Бог никогаш не дозволил ништо да му се случи на Јов, коешто било надвор од способноста на Јов да се справи. Ниту испитувањата на Јов не биле произволни. Небесната цел била извршена, и од тоа време безброј луѓе имале корист од писмениот извештај за искушенијата на Јов.

Кога ќе нѐ напаѓа неволја, треба да се предадеме на Божјата волја. Тој е во контрола на сите околности, та ние никогаш не сме сами во нашите испитувања. Нашата борба ќе ја зајакне нашата вера, а исто така и верата на другите.

КЛУЧЕН БИБЛИСКИ ТЕКСТ
„Никакво искушение не ве постигна, освен човечкото. А Бог е верен и не ќе дозволи да бидете искушувани над вашите сили, туку заедно со искушението ќе ви даде и излез, за да можете да го издржите.“ (1 Коринтјаните 10:13; Библија)

Pin It on Pinterest