ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ: Еден од трите подароци дадени на Исус по Неговото раѓање бил темјанот. Тоа е миризлива смола која расте во некои од најсуровите места во светот – Оман, Јемен и Сомалија. Самите вретенести дрвја всушност не се многу пријатни за гледање. Ниски, искривени, трнливи со дебели бодливи гранки што се шират во мали свиени лисја.

Сепак, штом ќе се направи засек во сребрената кора, брилијантни капки бела смола истекуваат од засекот. Овие капки, познати како лубан, се оставаат на дрвото две недели за да се исушат. Потоа малите бисери се собираат во раните утрински часови. Од Рим до Индија, темјанот се смета за една од најценетите материи во цивилизираниот свет. Бил од суштинско значење за бројни намени, почнувајќи од верски, до козметички, па до медицински. Покрај неговиот прекрасен мирис, на темјанот му се припишуваат и лековити својства, кои се движат од третман на депресија и раздразливост, до заболувања како што е егземата.

Трговијата со темјан го достигнала својот врв во Римската Империја во првиот век. (Нерон палел тонови на религиозни церемонии.) За да се обезбедат потребите оваа ретка смола требало да се пренесува преку копно, а тоа биле долги и исцрпувачки патувања. На крајот, караваните со темјан се зголемиле до 3.000 камили на една патување. Дури и денес, сателитските снимки откриваат бледи траги од овие древни каравански патеки врежани во пустината. Трговијата била толку профитабилна што Александар Велики планирал да ја нападне Арабија во обид да ги контролира и оданочи патиштата, план што го спречува само неговата смрт.

За религиозни цели, многу големи цивилизации во античкиот свет верувале дека молитвите еднинствено може да бидат однесени на небо само во чадот на светиот темјан. Исто така, се користел и во службата на светилиштето за да ги отслика молитвите што се подигале пред Богот на Израел.

Една од најубавите молитви во Светото Писмо е дадена во Даниел 9:3-19 („Јас го обратив своето лице кон Господа Бога, настојувајќи да се молам и да просам во пост, со вреќиште и со пепел. Јас му се молев на Господа, својот Бог, исповедувајќи се, реков: ‘Ах, Боже мој, велики и страшен Боже, Кој им го пазиш Сојузот и наклонетоста на оние кои Те љубат Тебе и кои ги пазат Твоите заповеди! Ние согрешивме, ние направивме беззаконие, сторивме зло, се одметнавме и се оддалечивме од Твоите заповеди и наредби….’“ – Даниел 9:3-5; Библија). Прочитајте го овој пасус и помолете Му се на Бога. Нека се издигне како темјан до небото, сладок мирис пред Бога.

КЛУЧЕН БИБЛИСКИ ТЕКСТ
„И се издигна пред Бога, од ангеловата рака, темјановиот дим со молитвите на светите.“ (Откровение 8:4; Библија)

Pin It on Pinterest