ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ: Денес, заштитата на овците од волците не е едноставна, бидејќи волците се загрозени. Во Европската унија, незаконски е да се пука во волкот без посебна дозвола. Дури и тогаш, волкот мора да биде особено опасен, и пукањето е ограничено на шест волци годишно. Во еден случај, властите дозволиле да се убие волк кој изел 10 овци и убил уште 62 со заплашување преку работ на клисура. Во Америка, сивиот волк бил отстранет од листата на загрозени видови во 2011 година. Американските фармери отсекогаш биле во можност да пукаат во еден волк кој го напаѓал нивното стадо, но сега можат да пукаат во било кој волк.
Во Библијата, волците симболизираат разни опасности. Исус ги предупредил Своите ученици дека ги испраќа во светот „како овци меѓу волци“, или луѓе кои ќе бидат гонети. (Матеј 10:16; Библија) Исус, исто така, лажните пророци ги нарекувал волци: „Пазете се од лажните пророци, кои доаѓаат во овча кожа, а одвнатре се волци грабливи.“ (Матеј 7:15; Библија) Додека ги поучувал надгледниците на Ефесјанската црква, Павле предупредил за друг проблем: пастирите се однесуваат како волци. „По моето заминување ќе се втурнат меѓу вас лути волци. А и од вас самите ќе произлезат луѓе, што ќе зборуваат искривено, за да ги одвлечат учениците заедно со себе.“ (Дела 20:29.30; Библија)
Сепак, Исус нема да ги остави своите овци на милост и немилост на лакомите волци или на неверодостојни пастири. Бог ветува дека ќе ги собере сите расфрлени овци: „Ќе ги изведам од народите и ќе ги соберам од земјите, ќе ги доведам во земјата нивна; И ќе поставам над нив еден пастир, што ќе ги пасе; и дека сте вие Мои овци, овци на Моето стадо; вие сте луѓе, а Јас сум вашиот Бог.“ (Езекиел 34:13.23.31; Библија) Тој пастир е Исус – „добриот пастир“. (Јован 10:11; Библија)
КЛУЧЕН БИБЛИСКИ ТЕКСТ
„И други овци имам, што не се од ова трло, и нив треба да ги приберам; и ќе го чујат гласот Мој и ќе биде едно стадо и еден пастир.“ (Јован 10:16; Библија)