ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ: Во САД има 18 лекари со име Д-р Доктор, исто така има и Д-р Хирург, Д-р Осип, Д-р Дерматолог, Д-р Кашлица, Д-р Психијатар…

Се чини дека овие денови е популарно да се направи сè што е потребно за да се биде здрав. Едноставно започнувајќи го денот со корнфлекс, кој може да ви даде информации како: „Целосна житна гаранција“, „Ниско масни, природен холестерол, одличен извор на влакна, нема додадено сол“, „Цели зрна ги напојуваат луѓето од Лондон до Лос Анџелес и насекаде меѓу нив“;  „Додајте банана и бадеми за повеќе калциум и витамин Е, лесно до ручек со оваа ефикасна комбинација!“ Медиумите се полни со сите видови на совети за диета, вежбање, одмор и многу други начини за одржување на здравјето и кондицијата, вклучувајќи и лекови за лекување на болести.

Во првите две поглавја од книгата Даниел во Библијата, пророкот и неговите тројца пријатели направиле предлог да се држат на здрава исхрана во кралската палата. Тие биле проценети дека се поздрави и подобро хранети од било кој од другите млади луѓе кои ја јаделе кралската храна. Зошто не направите свој план за подобрување на здравјето на вашето тело и на вашиот ум? Бог нема да направи никакво чудо за да ги отстрани вашите лоши навики, но Тој може да ви помогне, доколку од Него побарате помош и сила за тоа. Потребна е соработка од ваша страна за да бидете со потполно здравје.

Имајте ги во предвид прекрасните зборови на Давид: „Ти благодарам што сум создаден толку чудесно, што се Твоите дела прекрасни. Мојата душа тоа добро го знае.“ (Псалм 139:14; Библија). Потребно е секогаш пред нас да ги имаме овие зборови. „Не знаете ли дека сте Божји храм и дека Божјиот Дух живее во вас?“ (1 Коринќаните 3:16; Библија). Ако сакаме Бог да живее во нас, треба да бидеме сигурни дека добро Му го одржуваме домот. Додатно на тоа, ќе има помалку посети на Д-р Доктор, Д-р Хирург, Д-р Осип и Д-р Кашлица!

КЛУЧЕН БИБЛИСКИ ТЕКСТ
„Возљубен мој, ти посакувам да ти биде добро во сè и да бидеш здрав, како што и е добро на твојата душа.“ (3 Јованово 1:2; Библија)

Pin It on Pinterest