ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ: Лепрата е подмолна болест која ги напаѓа периферните нерви што резултира со вкочанетост и губење на сензорите за болка во екстремитетите.
Еден од најчестите митови во врска со лепрата е тоа што е директна причина за губење прсти на рацете и нозете, губење на раце, нозе и повремено дури и на нос. Сепак, губењето на овие екстремитети е секундарен резултат на болеста. Бидејќи лепрата ги напаѓа периферните нерви, телото веќе не прима сигнали за болка од овие екстремитети, а повредите како што се изгорениците и исекотините не се соодветно препознаени и лекувани. Резултатот често е инфекција, која потоа може да напредува до смрт и евентуално губење на екстремитетот.
Многумина би сакале да живеат во свет без болка. Ова се рефлектира во фактот дека една од основните вредности на нашето современо општество е стремеж кон живот без болка, безболна хирургија, безболен живот. Колку и да не ни се допаѓа, сепак, болката за сега е наш пријател, барем да нè предупреди кога има проблем во нашето тело.
Во Даниел 8-мата глава, Библијата детално ги опишува лукавите постапки и особините на силата на малиот рог. Потоа стихот 25 го дава ова неверојатно предупредување до Божјиот народ: „Со мирот (тој) ќе погуби мнозина.“ Зборот „мир“ може да се преведе и како „просперитет“.
Една од најголемите опасности на Божјиот народ е да веруваме дека „Јас сум добро, ти си во ред“, кога всушност не ја чувствуваме нашата голема потреба. Откако Господ му рекол на Еремија дека секој од синовите Израилеви бил предаден на лакомоста и „од пророкот до свештеникот, сите мамат“, тој рекол: „Му ги лекуваат раните на Мојот народ лесномислено, велејќи: ‘Мир! мир!’ а мир нема.“ (Еремија 6:13.14; Библија). Сакаме искреност од лекар по физички преглед, зарем не? Дали сакаме нешто различно од нашиот љубезен небесен Татко? Понекогаш искреноста на нашите пријатели може да ни изгледа болна, но ние сме предупредени: „Искрени се прекорите од оној, кој сака, а лажливи се бакнежите од оној, кој мрази.“ (Пословици 27:6; Библија). Вистинските пријатели имаат храброст да ни ја кажат вистината за нашето погрешно постапување.
КЛУЧЕН БИБЛИСКИ ТЕКСТ
„Праведниот нека ме казнува, светиот нека ме изобличува, но не давај миро на грешник да ја помаже главата моја; зашто и молитвата моја се противи на нивната злоба.“ (Псалам 141:5; Библија)