Дојдете и истражувајте со мене
Кликнете овде за да ви се прикаже описот на видео серијалот
Кога ќе се сретнеме со тема на која многу се дебатирало, како постапуваме? Во оваа серија од осум епизоди со Д-р Субод Пандит, откриваме што значи да се стане истражувачки истражувач. Наместо наеднаш да навлеземе во темата, најнапред да научиме некои техники и методи за да можеме промислено, внимателно, искрено и непристрасно да истражуваме. Овој семинар е намерно дизајниран за да го охрабри критичкото размислување во врска со една општопозната тема, за која не постои универзална согласност.
Постојат многу верски системи во светот, а петте главни религиозни системи имаат некои сличности и делат многу заеднички принципи, но истовремено и многу се разликуваат. Во оваа истражувачка серија, ќе направите споредба и ќе ги увидите спротивностите помеѓу главните религии, на рационален и логички начин. Д-р Пандит нѐ води преку главните религии и ја истакнува својата лична потрага по вистината. Откако ќе научите како да се биде истражувачки истражувач, одлучете сами за себе што е вистина, а што е заблуда.
Следуваат насловите на видеата од овој серијал:
[1] Теизам и атеизам, разум и вера
[2] Критички осврт на релативизмот и плурализмот
[3] Споредба на религиозната литература
[4] Споредба на основачите (прв дел)
[5] Споредба на основачите (втор дел)
[6] Сцена после смртта – Климата после смртта на основачите
[7] Продолжение на истражувањето – Преглед
[8] Највозвишената трансакција
1. Теизам и атеизам, разум и вера
Што значи вистински да се трага по вистината? Д-р Пандит открива како да се стане истражувачки истражувач во трагањето за вистината.
Верата е избор. Никој не може да влезе во вашата глава и да го промени вашиот ум во врска со вашето верување. Ниту Бог не сака да нѐ принуди, да нѐ присили, или да нѐ изложи на интензивна пропаганда за да Го сакаме или за да Го избереме Него. Дали ќе избереме атеизам, агностицизам или теизам, тие убедувања се раѓаат од нашата слободна волја. Ние сме слободни да ги направиме нашите избори врз основа на нашите убедувања и нашите убедувања и вера се наша лична сопственост. Никој не може да ги допре се додека не му дозволиме. Според тоа, секој ден ние избираме дали ќе веруваме или нема да веруваме. Само затоа што го избираме Бога не значи дека не можеме да го промениме нашиот ум, а истото важи и за оние што не веруваат.
Ајде, со оваа потполна слобода на избор, да имаме цивилизирана дискусија за тоа дали теизмот или атеизмот е најверодостојното тврдење. Д-р Пандит разгледува некои клучни поими за кои атеистите и верниците не се согласуваат и нѐ води во значајно и промислено предавање во врска со доказите, неутралноста и предрасудите за верата. Пандит нѐ поучува што значи да се биде вистински истражувачки истражувач и да се бара вистината во нашите животи.
2. Критички осврт на релативизмот и плурализмот
Многу луѓе тврдат дека христијаните и атеистите не треба дури ни да дискутираат за верата, дека тие би требало да ја стават религијата надвор од дијалог бидејќи е исклучива, а вистината е релативна. Тие размислуваат во насока: „Она што е вистина за мене, не мора да значи дека е вистина за некој друг.“ Дали тоа значи дека не постои апсолутна вистина? Дали е сè субјективно? Д-р Пандит ја оценува идејата за релативизмот. Ако релативизмот е вистина, тогаш логички следува дека сè проаѓа, сè поминува и според тоа сè е прифатливо.
Друг феномен кој постои е изјавата дека сите религии водат до истиот крај. Овој плурализам постанува сè повеќе популарен во денешно време, и понекогаш оваа „еднаквост“ на религиите изгледа атрактивно. Меѓутоа, воопшто не е тешко да се забележи контрадикторноста на таквото сфаќање со тврдењето на секоја од религиите дека е апсолутен и единствен пат до спасение. Погледајте го видеото и дознајте дека релативизмот и плурализмот се логички некомпатибилни со вистината.
3. Споредба на религиозната литература
– Вид на литература
– Тест за автентичност
– Една главна карактеристика
Помеѓу сите религии во светот денес, која од нив се покажала како онаа на која може најмногу да ѝ се верува? Во времето во кое живееме, постојат пет големи и истакнати религии во светот: хиндуизам, будизам, јудаизам, христијанство и ислам. Ако секоја од овие религии тврди дека е еден и единствен пат до спасение, мораме внимателно да истражуваме за да ги пронајдеме разликите позади овие верски системи. Д-р Субот Пандит во ова видео изнесува впечатливи историски докази и критички ја евалуира различната литература – светите книги, на кои се темелат секоја од овие религии.
4. Споредба на основачите (прв дел)
Во четвртиот дел на „Дојдете и истражувајте со мене“, д-р Субот Пандит ги истражува тврдењата на различните основачи на најпознатите светски религии, врз основа на официјалните свети книги. Кои се овие основачи и водачи во хиндуизмот, јудаизмот, христијанството, исламот и будизмот?
Секој од тие основачи има конкретна цел и мисија на оваа Земја и соодветна порака која ја донесува на светот. Меѓутоа, претпоставувајќи дека сите тие зборуваат вистина, се поставува прашањето: Кој од нив го има највисокото тврдење за себеси?
За време на нашето длабоко истражување, ќе откриеме дали нивните одговори на поставените прашања се уникатни. Д-р Пандит ги открива своите методи на истражување и користејќи веродостојни извори, нè води преку лавиринт од тврдења, помагајќи ни да ги сфатиме нивните импликации, со цел дедуктивно да дојдеме до заклучок за вистината.
5. Споредба на основачите (втор дел)
Кога би бирале која религија да ја следиме, според кои параметри би се воделе во својот избор? Веројатно еден од најглавните би бил споредба на основачите на различните религии, како би знаеле кој од нив е навистина искрен, автентичен и достоен да се следи.
Во петтиот дел на „Дојдете и истражувајте со мене“, д-р Пандит ги изнесува животните извештаи на основачите на најпознатите религии и го поставува клучно прашање: Дали нивните животи биле усогласени со нивните пишани учења? Како што ќе навлегуваме во историските податоци, ќе го откриеме одговорот на ова главно прашање и ќе видиме дали теоријата на своите учења практично ја спроведувале во нивното секојдневие. Ќе ги разгледаме и околностите на раѓањето, времетраењето на нивната служба и околностите околу нивната смрт. Што кажуваат сите овие детали за најпознатите религиозни водачи? Придружете се на д-р Пандит во ова истражување и бескомпромисниот критички осврт кој ги отвора очите.
6. Сцена после смртта
Како светот бил афектиран од смртта на најголемите религиозни основачи? Во скоро сите религии, после смртта на основачите некој друг го презема нивното место и се издигнува на позиција на моќ. Постојано се појавува некој нов на кого луѓето треба да гледаат. Меѓутоа, еден од религиозните основачи целосно се разликува од останатите, според своите изјави и околностите околу неговата смрт. Исус изјавил дека ќе биде со нас до свршетокот на светот. Освен тоа, за разлика од останатите религиозни основачи, Исусовото распнување и смрт се несомнено најлоши. Тоа било понижувачко, срамно, ужасно болно искуство. Сепак, во споредба со останатите религиозни основачи, Исус бил единствениот комплетно невин човек. Прашањето кое неминовно се поставува е: „Зошто најневиниот човек требало да умре со најгрозоморна смрт?“.
Низ историјата многу луѓе се обиделе да го побијат Исусовото воскресение, предложувајќи разни теории, од тоа дека Исус не умрел на крстот туку само се онесвестил, па сè до тоа дека некој го украл неговото тело. Во ова видео д-р Пандит ја евалуира Исусовата смрт и настаните кои следувале потоа. Користејќи ги своите дедуктивни истражувачки вештини, ја руши секоја од тие теории, откривајќи ја извонредната вистина дека Исус умрел и повторно воскреснал.
7. Продолжение на истражувањето
Секоја религија за себе изјавува дека е уникатна и тврди дека има специјални фактори. Меѓутоа, во суштина скоро сите останати религиии се фалат со истите извонредни нешта. Некои фактори може да вклучуваат чуда, натприродни суштества и инкарнација. Како и да е, преку ова видео можеме да научиме дека има многу аспекти на сите религии кои не се уникатни.
Христијанството се разликува по тоа што е единствената религија каде овие т.н. уникатни фактори се изразито и јасно претставени. Ќе ги анализираме јудео-христијанските списи и ќе видиме дека за разлика од другите религиозни списи, историјата на христијанството не е мит или легенда, туку Библијата има историски кредибилитет. Само Библијата нè предизвикува да ја тестираме и да провериме дали е вистинита.
Во ова седмо предавање од серијалот „Дојдете и истражувајте со мене“, д-р Пандит нè води во понатамошно истражување за да дојдеме до одговорот зошто христијанството е толку посебно, стоејќи само и настрана од другите верувања, комплетно различно од сите нив. Проверете дали и останатите религии имаат право да се повикаат на т.н. уникатни фактори и според нив да докажат дека се вистинити.
8. Највозвишената трансакција
Во ова последно видео од серијалот „Дојдете и истражувајте со мене“, ја истражуваме суштината на христијанската порака која д-р Пандит ја нарекува „трансакција“. Која е оваа трансакција и како влијае на нашето спасение? Имајќи во предвид дека во нашите животи имаме правила, награди и казни, единственото нешто што ја раскинува нивната меѓусебна поврзаност е милоста. Милоста менува сè, а Христовата милост е таа која променила сè во човештвото, променила сè во нашите животи.
Љубовта има многу дефиниции и значења, а тоа е особено изразено во Библијата. Од сите различни видови на љубов кои постојат, има само една љубов која никогаш нема да исчезне. Тоа е „agape“ љубовта за чие делување не постои причина, па затоа нема да се најде причина ни за нејзино престанување. Божјата љубов за нас е несфатлива, а сепак вечна и бескрајна. „Agape“ е љубов која секогаш го става другиот на прво место. Како последица од оваа љубов нам ни е укажана благодат која не ја заслужуваме.
Во сите други религии луѓето се тие кои принесуват жртви пред Бога, за би го умилостивиле и хармонизирале својот живот со Него. Единствено во христијанството Бог е оној кој самиот дал жртва за човекот и – без никаква присила ни принуда – нè прашува дали ќе ја прифатиме. Исус истрпел многу заради нас: мачење, клинци, пролевање крв и распнување на крст. Со Исус се постапувало онака како што заслужуваме ние, за со нас да се постапува онака како што заслужува Тој. Тој бил осуден поради нашите гревови во кои немал удел, за ние да можеме да бидеме оправдани со неговата праведност во која немаме удел. Претрпел смрт што била наша, за ние да примиме живот што бил негов. Да обрнеме внимание на оваа трансакција која Исус ја нуди на секој еден од нас и да донесеме конечна одлука. Со изборот што ќе го направиме самите ќе си изречеме пресуда. Тој избор ја одредува нашата вечна судбина – дали ќе наследиме вечен живот или не. Освен тоа, го одредува и квалитетот, исполнетоста и смислата на животот што сега го живееме.