ДЕЛАТА НА АПОСТОЛИТЕ
(Библиска поука)

Кликнете овде за да ви се прикаже описот на овој видео серијал

Многу историчари веруваат дека трите најзначајни периоди во историјата на овој свет се случиле кога мала група луѓе, под водство на Светиот Дух му го пренеле Евангелието на светот. Библиската книга „Делата на апостолите“ претставува извештај за тие три значајни периоди, кои се протегале од Исусовото воскресение во 31. година, па сè до крајнот на Павловото прво затворање во затворот во Рим 62. година (Дела 28:30).

Една од главните теми на Делата на апостолите е сеопштиот карактер на спасението. Бог нема миленици. Црквата е повикана да им сведочи на сите луѓе, без оглед на нивната раса, општествена класа или пол (Дела 1:8; 2:21,39,40; 2:25; 10:28,34,35). Да не се прави така, било поради предрасуди или удобност, претставува извртување на Евангелието и е спротивно на основните вистини на Божјата Реч. Пред Бога сите сме исти: грешници на кои им е потребно откупување во Исуса Христа.

Други важни теми во Делата на апостолите се следните: Божјата врховна власт и Неговата божествена намера (Дела 17:24-25; 20:27; 23:11); прославување на Исус како Господ и Спасител (Дела 2:32,36; 3:13,15; 4:10-12; 5:30-31); и посебно улогата на Светиот Дух во оспособувањето и водењето на Црквата во мисијата (Дела 2:1-4; 4:24-31; 8:14-17,29,39; 10:19-20). Всушност, постигнувањата на Раната црква не биле резултат на човечката мудрост или способност, иако на Бога му било угодно што можел да употреби некој како Павле, кој извршил такво влијание на светот какво не направил или можеби не бил во состојба да направи ниту еден друг апостол (1 Коринтјаните 15:10).

Делата на апостолите го опфаќаат развојниот период на Раната црква, во кој дошло до значителен административен, па дури и теолошки раст. Тоа можеме да го видиме, на пример, по тоа како Црквата се занимавала со прашањето за времето на второто Христово доаѓање, положбата на незнабошците, улогата на верата во спасението. Но, она што Раната црква успеала да го оствари за толку краток временски период е трајно сведоштво за тоа што Бог може да го направи преку оние кои ќе го понизат своето срце во молитва, да ги надминат личните разлики и да дозволат Светиот Дух да ги употреби во чест и слава на Бога.

Делата на апостолите претставува извештај за луѓето кои Бог ги повикал да го започнат делото. Што можеме ние, кои сме повикани од Бога да го завршиме делото, да научиме од извештајот за нив?

Библиската поука за Андроид:
https://play.google.com/store/apps/details?id=com.dodosteam.mk.sabbathSchoolLesson

Библиската поука во PDF:
https://www.blagodativistina.mk/wp-content/uploads/bibliska-pouka/Bibliska-pouka-3-2018.pdf

Pin It on Pinterest