Теру Фукуи, Јапонија
„И чув глас од небото, што ми велеше: „Напиши: Блажени се мртвите, кои отсега умираат во Господа. ‘Да, вели Духот, нека починат од своите трудови, зашто нивните дела одат по нив.’“ (Откровение 14:13)
Сестра Јуки Хирана е љубезна соработничка на литературното подрачје од Јапонија со повеќегодишно искуство. Оваа ситна дама едвај е висока метар и педесет, но нејзиниот тивок, ненападен живот е голема сила за добро. Иако со годините малку успорила, сепак успеала со книгите да ја обиколи својата целокупна територија во текот на последните десет години.
Во минатото сопственикот на работилницата за поправка на чевли секогаш радосно ја поздравувал и купувал литература од неа. Уживал во нејзината благородна достоинственост и заинтересираност за неговото семејство. Бил татко на две момчиња и девојчиња, а сестра Хирана секогаш му донесувала нешто за нив.
Овој чевлар и сестра Хирана станале добри пријатели. Тој трпел одредени болки, а таа му пренесувала полезни здравствени и духовни совети од нашите книги. Овие двајца пријатели често се молеле еден за друг. Како што растеле децата, слатките кои сестра Хирана обично ги подарувала биле заменети со детски книги. Децата ја изгубиле својата мајка во раното детство така што книгите им биле некој вид на утеха.
Како што поминувале годините, посетите на сестра Хирана станувале се поретки. Последен пат кога ги посетила, на чевларот му продала уште една книга, а тој забележал дека ракописот на сметката ѝ станувал помалку читлив. Сепак, верно се помолила со него и со децата.
Дошол ден кога на еден од синовите на чевларот, кој наполнил 18 години, му било тешко да ја пронајде смислата во животот. Прочитал една од книгите, која неговиот тако ја купил, но не ја разбрал баш најдобро. Во тоа време се запишувал на факултет.
Еден ден се одржувале некои евангелски состаноци кои ги организирала Адвентистичката црква. Таткото и синот присуствувале на состаноците. Одеднаш момчето сфатило дека тоа било црквата на Јуки Хирана. Бил возбуден! Добил желба да чита уште повеќе. Тој и неговиот татко почнале длабоко да проучуваат. Слушале проповеди и проучувале книги кои претходно ги купиле.
На крајот целото семејство ја прифатила Божјата вест и се крстило. Настанала радост на Небото кога го прифатиле Христа и се придружиле на Адвентистичката црква. А сè почнало со сестра Хирана, верна мала колпортерка (продавачка на книги).
(Знам дека секој детал од овие настани е вистинит, бидејќи сопственикот на работилницата беше мојот татко, а јас сум оној осумнаесетгодишен син.)