Лариса Караваја, Русија
„Јас ќе одам пред Тебе за да ги израмнам високите места, за да ги разбијам бронзените врати, за да ги скршам железните лостови.“ (Исаија 45:2 ; Библија)
Иако Клаудија има полни 80 години таа му служи на Господа со секоја способност која ја има. Додека во своите помлади години била многу болна, на Бога му ветила дека ќе стане литературен евангелист. Бог чудесно ја исцелил и денес е вклучена во литературно евангелската работа.
Таа купува книги и ги подарува посетувајќи ги воените касарни, болници, училишта и сиропиталишта – едноставно оди на места на кои Бог ја праќа. Купува книги од речиси целокупниот износ на својата пензија – освен оној мал дел кој ѝ е потребен за храна. Нејзината пензија е скромна, но Господ секогаш до сега го подвижувал срцето на луѓето финансиски да ја потпомагаат, во купувањето на книги. Во текот на една година потрошила околу 1300 евра на купување на книги кои ќе ги подарува на луѓе.
Клаудија го започнува своето утро со молитва за луѓето кои ќе ги сретне во текот на тој ден. Господ на неа полага посебен товар за касарните и воените единици. Еден ден нешто ја влечело повторно да тргне и да ја пронајде воената единица. Отишла со автобусот до едно село недалеку од својот град, но кога излегла од автобусот никаде не видела никаква воена единица. Одела по патот за кој се воспоставило дека води во една тајна воена единица за која не ни претпоставила дека постои. Иако ја немала потребната документацја за да влезе, воениот камион по патот ја повел и ја внел во кругот на таа единица.
Одела наоколу и подарила многу книги. Наишол еден човек со постар изглед (се воспоставило дека е генерал) и ја запрашал како воопшто влегла и што прави тука. Клаудија кажала дека донела некои книги за најважниот човек во таа единица, а потоа и му ги подарила. Ги зел книгите од неа и потоа ја повел надвор од единицата предупредувајќи ја повеќе никогаш да не се враќа на тоа место. Можела да биде уапсена, но Бог се вмешал и тој ден многу војници примиле духовни книги.
Едно утро Клаудија почувствувала повик да оди на железничка станица но да не носи никакви книги ниту весници со себе. Го послушала ова чудно „упатство“. Кога се нашла на станицата, седнала во чекалната очекувајќи нешто да се случи. Едно момче со насмевка и со сјајни очи ѝ пријдел и ѝ предал помал пакет. „Тоа е од Бога и за Бога,“ ѝ рекол. „Вие знаете што ќе направите со тоа.“ Потоа си заминал. Клаудија го отворила пакетот и внатре пронашла пари во вредност од 2000 евра, кои можела да ги употреби во својата служба.
Клаудија и понатаму продолжува да ги одвојува и да ги остава на страна своите пари за купување на книги, а Бог продолжува да ја благословува. Божјите дарови, било во пари или во способности, ни се дадени за да ги употребиме во негова служба.