ИСКУСТВА ОД МИСИОНСКИ АКТИВНОСТИ ШИРУМ СВЕТОТ

Господ Исус Христос при крајот на својата служба на земјата изјавил: „И ова Евангелие за Царството ќе биде проповедано по целиот свет, за сведоштво на сите народи, и тогаш ќе дојде свршетокот.“ (Матеј 24:14 ; Библија) Така и се случило. Веднаш после Исусовото вознесение на небото, апостолите и нивните ученици започнале масовно да го проповедаат Евангелието по целиот свет. Тој процес продолжил низ вековите, па сè до ден денес. Сето тоа придонело за милијарди луѓе низ историјата, од сите страни на светот да бидат осведочени за Вистината. Искуството кое го имале христијаните, кои го проповедале Еванелието, било различно и зависело од општествените, политичките, културолошките, религиозните… прилики во местата каде што се проповедало. Додека на едни места Евангелието било масовно прифаќано од луѓето, без никакви попречувања и проблеми, на други места било забранувано неговото ширење, а оние кои ќе биделе фатени завршувале во затвор или дури биле осудени на смрт.
Во оваа рубрика можете да прочитате инспиративни текстови од искуства кои ги стекнале верници шурим светот, додека го ширеле Евангелието. Веруваме дека додека читате како Бог ги водел овие луѓе, кај вас ќе се засили желбата активно да се вклучите во извршувањето на налогот што го дал самиот Исус – проповедање на Евангелието на секое создание.
ДАЛИ ТИ СИ ДУХ?

ДАЛИ ТИ СИ ДУХ?

Едно топло и суво лето колпортирав (тоа значи „продавав книги“) во жешкото Мексико Сити, еден од најголемите градови во светот. Во текот на пет недели поминував повеќе многукатници низ градот, но не продадов ниту една книга. Без ниту една продадена книга почнав да снемувам пари. Од она оставено на страна имав доволно само колку да купам залихи зелка за да можам да се прехранам уште една седмица. Ме обзема такво обесхрабрување што на ум ми доаѓаше да се откажам….

read more
„КОРИСТИ ГИ МОИТЕ РАЦЕ“

„КОРИСТИ ГИ МОИТЕ РАЦЕ“

Со Стефан се сретнав додека чукав на вратата на една станбена зграда. Ми кажа дека не може долго да стои поради проблемите со нозете, но дека сака да дознае што правам. Во текот на краткиот разговор открив дека, покрај многуте други проблеми, има и една не излечива болест. Поради силните лекови многу од неговите заби паднале. Сопругата и детето го напуштиле, а докторот му рекол дека нема да поживее доволно долго за да види како синот му завршува основно училиште. Врзан за својот стан, ја чекал смртта…

read more
ОТВОРЕН КОН ВИСТИНАТА

ОТВОРЕН КОН ВИСТИНАТА

Иако бев учителка одлучив да ја напуштам својата професија и да станам литературен евангелист со цело работно време, за подобро да им служам на луѓето на својот остров. Сега го ширам Евангелието по пат на литература остварувајќи секојдневни средби со поединци кои сакаат да дознаат за Бога. Ова е едно од моите многубројни искуства. Еден ден мојот сопруг и јас одржавме презентација „Копнежот на вековите“ на една мајка и ќерка….

read more
ТОЈ СЛУША, ГЛЕДА И СЕ ГРИЖИ

ТОЈ СЛУША, ГЛЕДА И СЕ ГРИЖИ

Една од моите купувачи, долгогодишна познаничка, имала мозочен удар, поради што како последица не можела да зборува, голта и да ја придвижува ногата. Оваа жена ја познавав многу години. Од мене имаше купено многу книги. Кога ја видов во оваа состојба, неможев да поверувам дека е таа. Веднаш почнавме да се молиме за неа, верувајќи дека Бог може да ја исцели. Верувавме во Божјата благодат и милост, дека еден ден оваа жена ќе биде излечена….

read more
БОЖЈАТА ВЕРНОСТ

БОЖЈАТА ВЕРНОСТ

Росана Риос одлучила својот летен одмор да го помине работејќи како летературен евангелист. Еден ден, за време на посетата, додека ја придружувал помошниот директор на издавачката, куќа забележал дека е загрижена и исплашена. Била загрижена поради недоволното колпортерско искуство (искуство за продавање на книги) и стравувала дека нема да биде во можност да заработи парични средства за школувањето, за да биде физиотерапевт….

read more
ОСЛОБОДЕТЕ ГИ ЗАТВОРЕНИЦИТЕ

ОСЛОБОДЕТЕ ГИ ЗАТВОРЕНИЦИТЕ

Еден ден додека колпортирав (продавав книги), Господ ми овозможи да разговарам со морнарскиот офицер кој имаше еден од највисоките чинови во нашата земја, но имаше и „пушачки стаж“ од цели 26 години. За време на воената обука, повеќе пати се обидувал да престане со пушењето, но безуспешно. Го охрабрив да го примени „5 дневен план за одвикнување од пушење“….

read more
БОГ ГИ ВОДИ НАСТАНИТЕ

БОГ ГИ ВОДИ НАСТАНИТЕ

Матурирав на Филипините и одлучив да станам литературен евангелист пред да почнам да студирам. Им се придружив на студентите колпортери (луѓе кои продаваат книги) од Маунтин Вју колеџот и бев префрлен во Баколд Сити. Но, за жал, не продадовме ништо во текот на цели две седмици на работа. Едно утро, иако обесхрабрен, одлучив да одам сам на колпортажа во една градска населба. Додека преминував улица, зборовите на нашиот водич одекнуваа во моите уши: „Ако видете дека портата е отворена, влезете!“…

read more
ПРИЈАТНИ ЛУЃЕ ПОЛНИ СО ЉУБОВ

ПРИЈАТНИ ЛУЃЕ ПОЛНИ СО ЉУБОВ

Во текот на својата колпортерска работа (работа поврзана со продавање книги) го сретнав господинот Синг – висок, средовечен, деловен човек. Штом влегов во неговата канцеларија, му ја кажав целта на мојата посета и ги претставив нашите прекрасни книги. Можев веднаш да забележам дека всушност не беше навистина заинтересиран и дека имаше нешто друго на ум. „Извини, брате“, рече, „не сакам денес да купувам никакви книги“. Тивко се помолив барајќи од Бога да ми помогне да му кажам нешто што ќе допре до него….

read more
ДОБРИОТ ПЕС

ДОБРИОТ ПЕС

Едно лето Бутусова Рима одлучила да отиде до едно село, кое никогаш не го посетил литературен евангелист. Патувала речиси еден цел час во прегреаниот автобус, но кога излегла, ја дочекало свежо ветре. По излегувањето од автобусот се сетила на зборовите: „Господ му прозборел со тивок и тенок глас“ па се помолила: „Господе, води ги моите нозе кон оние кои се подготвени да го прифатат Твојот збор.“ Одејќи по патот кон селото, се подготвувала да пријде на првата куќа кога речиси од никаде еден огромен пес излегол пред неа…

read more
НЕОЧЕКУВАНА РАДОСТ

НЕОЧЕКУВАНА РАДОСТ

Една девојка – литературен евангелист беше „повикана“ да влезе да понуди книги во зградата на управата на владата. Како ги посетувала сите канцеларии едно по друго, една жена сериозно се заинтересирала за книгите кои ги нудела. „Мажот ми е многу болен. Чита по цел ден, а неговата особена љубов се верски книги. Што би ми препорачале за него?“ Колпортерката (жената која продавала книги) одговорила: „Би требало да купи примерок од книгата ‘Големата борба’….

read more
ВЕРЕН СВЕДОК

ВЕРЕН СВЕДОК

Сестра Јуки Хирана е љубезна соработничка на литературното подрачје од Јапонија со повеќегодишно искуство. Оваа ситна дама едвај е висока метар и педесет, но нејзиниот тивок, ненападен живот е голема сила за добро. Иако со годините малку успорила, сепак успеала со книгите да ја обиколи својата целокупна територија во текот на последните десет години….

read more
ОД БОГА ЗА БОГА

ОД БОГА ЗА БОГА

Иако Клаудија има полни 80 години таа му служи на Господа со секоја способност која ја има. Додека во своите помлади години била многу болна, на Бога му ветила дека ќе стане литературен евангелист. Бог чудесно ја исцелил и денес е вклучена во литературно евангелската работа. Таа купува книги и ги подарува посетувајќи ги воените касарни, болници, училишта и сиропиталишта – едноставно оди на места на кои Бог ја праќа….

read more
ОТВОРЕНА ВРАТА

ОТВОРЕНА ВРАТА

Бог ме повика да станам литературен евангелист (тоа значи продавање на Библии и други книги со христијанска тематика) 2000-та година. Тогаш работев во голем хотел во главниот град на нашата земја. Мојата жена веќе беше литературен евангелист и јас се воодушевував на начинот на кој работи и на целиот концепт на литературниот евангелизам. Си помислив во себе: Ако таа може успешно да ја работи таа работа, зошто не би можел и јас?

read more

Pin It on Pinterest