БЕГСТВО КОН БОГА

Вистинска приказна за една фамилија која ja напуштила трката на современиот живот и се посветила на потрагата за исконската духовност и едноставниот живот. „Бегство кон Бога“ е книга која говори за очајната потреба и трагањето по Божјото присуство. Авторот во желба да пронајде автентично христијанство, со својата фамилија одлучуваат да се преселат во дивината, во близина на националниот парк Глеишер, на границата помеѓу САД и Канада. Овде, во недопрената природа, тие добиваат појасно спознавање на Божјата љубов и се навикнуваат да го слушаат Неговиот глас во секојдневните ситуации.

Како резултат на повеќегодишното градење на вера и одење со Бога, Џим и неговото семејство почнуваат да ги делат своите богати искуства кои ги стекнале, со луѓето кои ги среќаваат. Тоа подоцна прераснува во систематско подучување и држење семинари по целиот свет.

Според нас (членовите од тимот на БЛАГОДАТ И ВИСТИНА) ова е една од најинспиративните книги кои сме ја прочитале. Најголеми препораки на сите оние кои се во потрага по автентичен, длабоко осмислен христијански живот. Сигурни сме дека оваа книга нема да ве остави рамнодушни и дека како што ја читате кај вас ќе се појави силна жед и глад за постојаното Божјо присуство во вашиот живот, за силната, жива заедница и двострана комуникација со Бог. Додека читате не само што ќе бидете воодушевени од извонредните сведоштва, туку и со сигурност ќе бидете поттикнати на акција, станувајќи свесни дека сувопарната религиозна формалност не само што не е доволна, туку и исцрпува до истоштување. Тоа пак ќе ве доведе до состојба да превземете многу од практичните чекори на кои ќе наидете читајќи за искуствата кои Џим и неговото семејство ги доживеале. Веруваме дека ќе „побегнете кон Бога“ и дека ќе ја искусите слободата за која никогаш не сте ни знаеле, слобода преку целосно покорување на Христа. А тогаш со сигурност ќе ја снема вашата „независност“ која ве водела кон чувство на празнина, вина и бледеење на сликата за вистинската смисла на животот.

1. СЛАВНА ПОТРАГА

“Пред да Ме повикаат, Јас ќе им одговорам; уште ќе зборуваат, а Јас веќе ќе ги послушам.” (Исаија 65,24 ; Библија)

– Џим што те донесе тука? – праша Ворен.
Можев да му ги прочитам мислите. Беше сосем убеден дека залудно го трошам својот живот овде во планините, додека за тоа време би можел да заработам многу пари долу во градот. Ворен бараше плац во планинската дивина, додека тој, неговата трудна жена и јас се возевме по пукнатините на селскиот пат во мојот камион.
– Па, Ворен – го започнав одговорот -Гледаш, јас сум христијанин, и овде дојдовме затоа што….
– Застани, Џим, овде веднаш застани! – ме прекина Ворен.
– Јас не сум христијанин и не верувам во христијанството. Не сакам да слушнам ни збор повеќе за тоа!
Одненадеж непријатна тишина ја окова атмосферата во мојот автомобил. Си помислив: ,,Како Бог ќе допре до личности како овие?”…

Продолжете со читање

2. ДАЛИ ФОРМАЛНАТА РЕЛИГИЈА Е ДОВОЛНА

„А вечен живот е ова: да Те познаваат Тебе, Единствениот вистински Бог, и Исус Христос Кого Ти го испрати“ (Јован 17,3 ; Библија)
-Но мамо, зошто морам да одам? Не сакам да одам во црква. Таму никогаш не сум доживеал нешто убаво.
Секако, мојата мајка ја одби мојата молба и јас морав да го покорам своето неволно ЈАС на нејзината волја и секој викенд да ги посетувам црквените богослуженија. Црквата беше таков терет за мене, така што понекогаш, морам да признаам, се искрадував во задниот дел од црквата, каде се наоѓаа црквените списанија. Бидејќи ќе земев едно од нив, брзо ќе се „лизнев“ надвор во паркот каде го трошев остатокот од времето, таман толку колку што траеше богослужението. Моите родители навистина се трудеа…

Продолжете со читање

3. ЕДНОСТАВЕН ЖИВОТ

„Зашто вака зборува Господ Господ, Израелевиот Светец: Ако останевте на местото и мирувавте ќе се спасевте; во тишината и надежта е вашата сила, но вие не сакавте“ (Исаија 30,15 ; Библија)

Нивниот состанок беше нешто најголемо, што светот некогаш го имаше видено. Од сите краеви на светот пристигнуваа делегати, загрижени за својот личен опстанок. Таа вечер основниот тон на овој собир го даде нивниот голем водач. Присутните коментираа со шепотење, изразувајќи ја својата надеж: „Ако некој може да ја промени ситуацијата, тогаш тоа е вечерашниот говорник!“
Тој е нивни водач од памтивек. И повеќе од тоа, тој е личност која сите го имитираат. Ги придобил нивните чувства и нивната преданост. После многу години станал нивен бог….

Продолжете со читање

4. МНОГУ МОЖНОСТИ

„Денес изберете кому ќе му служите.“ (Исус Навин 24,15 ; Библија)

Нашите напори да го поедноставиме животот донесоа прекрасни резултати. Работните места и привлечностите на овој свет беа искоренети од срцето. Меѓутоа, тоа само по себе не беше доволно да ми ја донесе посакуваната среќа и мир. Знаев дека нас Бог нè одведе во дивината првенствено поради нашето духовно напредување. Додека со години ги проучував сложените теолошки системи, тие проучувања никогаш не успеаа да го произведат оној вид на промени во карактерот кои сакав да ги имам во мојот живот. Сеуште работев со погрешна идеја дека повеќе знаење, повеќе разбирање и повеќе совршено сфатени теологии е сè што ми е потребно, за да дојде до преобразба во мојот живот.

Со таква идеја во својата глава, купив пет книги од пет познати и угледни теолози. Овде во дивината конечно добив време и осетив склоност кон стекнување на активно и детално знаење, кое само по себе е спасоносно. Со нетрпение почнав да читам. Во времето кога го завршував читањето на последната книга, ме совлада збунетост каква никогаш порано не сум ја осетил. …

Продолжете со читање

5. БОГ Е СЕКОГАШ ТАМУ КАДЕ ШТО СМЕ НИЕ

Јаков се разбуди од сонот и рече: „Навистина Господ се наоѓа на ова место, но јас не знаев!” (Битие 28,16)

,,И еве, Јас Сум со вас во сите дни до свршетокот на светот. Амин!” (Матеј 28,20)

Изгледа дека тоа место во кое завршивме – Полбриџ, во државата Монтана – е на крајот на светот. Осумдесет километри нѐ делеше од најблискиот асфалтиран пат и електрична мрежа. Од другата страна, само неколку километри северно се наоѓа канадската граница. Населението во овие краеви е прилично проретчено па во таква дивина секоја повреда или несреќен случај би можел да биде сериозен проблем, каде и самиот живот би можел да биде загрозен. Во таквата ситуација можно е покрај вас со часови, па дури и денови, никој да не помине. Затоа нашата доверба е единствено во нашиот божествен Сопатник. Тој нас никогаш не нè остава сами! …

Продолжете со читање

СЕРИЈАЛОТ ПРОДОЛЖУВА

Останатите поглавја од овој серијал наскоро ќе бидат објавени.

Pin It on Pinterest