„А на секого од нас благодатта му е дадена според мерката на дарот Христов.“ Ефесјаните 4,7.
Мерката на дарот Христов е „сета полнота на Божеството.“ Ова е точно, дали гледајќи на тоа како мерка на дарот кој Бог го дал давајќи го Христа, или како мерка на дарот што го дал лично Христос. Дарот што го дал Бог е Неговиот единороден Син, и „во Него телесно живее сета полнота на Божеството.“ Затоа, од оваа гледна точка мерката на дарот – Христос е само мерка на полнотата на Божеството во тело, и ова е само мерка на благодатта што му е дадена на секој од нас, од ова следува дека секому од нас ни е дадена милост без мерка, едноставно безгранична благодат.
Гледано од мерката на дарот во кој Христос ни се дава, тоа е исто, бидејќи Тој „се даде самиот Себе за нас.“ Тој се даде Себеси за нашите гревови, а со тоа Тој се даде Себеси за нас. И како што во Него пребива полнотата на Божеството во тело, и како што се даде Самиот, тогаш мерката на дарот Христов од Негова страна исто така, е мерка на Божествената полнота во тело. Затоа следи дека од оваа гледна точка, исто така, мерката на благодатта што му е дадена на секој од нас е само мерка на полнотата на Божеството; тоа е едноставно немерливо.
Така на кој било начин да се гледа, јасното слово на Го пода е дека на секој од нас Тој ни дал милост со мерката на полнотата на Божеството во тело; тоа е безгранична, немерлива благодат – сета благодат што Тој ја има. Ова е добро. Но, тоа е само Господ; тоа и личи на Господа да го стори, зашто Тој е добар.
И со оваа неограничена милост се дава сè, и дадена е бесплатно на „секој од нас.“ За нас е тоа. За тебе и за мене, такви какви што сме. И тоа е добро. Нам ни е потребна баш толку благодат за да Господ нè направи такви какви што сака да бидеме. И Тој е толку љубезен што на сите ни дава бесплатно, за да можеме навистина да бидеме она што Тој сака да бидеме.
Господ сака секој еден од нас да биде спасен, и тоа со самата полнота на спасението. И затоа Тој ни ја дал секому од нас, самата полнота на благодатта, бидејќи тоа е благодат што го носи спасението. Затоа што е запишано: „Бидејќи се јави Божјата благодат, спасителна за сите луѓе.“ Тит 2,11. Така, Господ сака сите да бидат спасени и затоа ја дал целата Негова милост, донесувајќи им спасение на сите. Преведената верзија на овој текст, напишана на маргината, е подеднакво точна со она што е напишано во главниот превод, кој гласи: „Се појави Божјата благодат што им дава спасение на сите луѓе.“ Сета Божја благодат е дадена бесплатно на секого, носејќи спасение на сите. Сега дали сите или некој ќе ја прифати, тоа е друго прашање. Ние сега ја студираме вистината и фактот дека Бог ја дал. Откако видовме дека Toj го дал сето тоа, Toj е чист (направил сè од Негова страна), и покрај тоа што луѓето можат да го отфрлат.
Господ сака да бидеме совршени, и така е напишано: „Но, бидете совршени како што е совршен вашиот Отец небесен.“ Копнеејќи по тоа да бидеме совршени, Тој на сите ни дал, сета благодат која Тој ја има, донесувајќи ја полнотата на Неговото спасение, за секој да може да биде претставен совршен во Исус Христос. Самата цел на овој дар на Неговата неограничена милост е за да ние можеме да бидеме направени како Исус, кој е слика на Бога. Така е и напишано: „А на секого од нас благодатта му е дадена според мерката на дарот Христов… за усовршување на светиите… додека сите не го достигнеме единството на верата и познанието на Синот Божји, до состојба на совршен човек, до мера на возраста на Христовата полнота.“
Сакаш ли да бидеш како Исус? Тогаш прими ја благодатта која Тој толку целосно и бесплатно ја дал. Прими ја во мерката во која Тој ја дал, не во мерката која ти мислиш дека ја заслужуваш. Предај се себеси на неа, за да може да ја работи во тебе и за тебе чудесната намена за која е дадена, и таа ќе го стори тоа. Таа ќе те направи како Исус. Ќе ја постигне целта и желбата на Оној кој ја дал. „Препуштете Му се на Бога.“ „Ние ве молиме да не ја примате напразно благодатта Божја.“
A. T. Jones
Advent Review and Sabbath Herald, 17. април, 1894.