A. T. Jones

Ова попладне ќе зборувам на темата еволуција. Сакам добро да обратите внимание и сами да откриете дали сте или не сте еволуционист. Најпрвин, ќе прочитам што е еволуција; па тогаш, како одиме понатаму, ќе можете да видите дали сте или не сте еволуционист. Овие изјави се копирани од трактат за еволуција, напишан од еден од главните еволуционисти; Затоа, како дефиниции сите се точни, колку далеку и да одат: „Еволуцијата е теорија која го претставува текот на светот како постепен премин од неопределено до определено, од неменливост до менливост, и која претпоставува дека причината за овие процеси е иманентна во самиот свет што треба така да се трансформира.“

„Еволуцијата како таква е скоро синоним за прогрес. Тоа е транзиција од пониско до повисоко, од полошото кон подоброто. Така, напредокот укажува на зголемена вредност во постоењето, просудено по нашите чувства.“

Сега, забележете ги одредените точки во овие три реченици: еволуцијата го претставува текот на светот како постепен премин од пониско кон повисоко, од полошо до подобро; и претпоставува дека овој процес е иманентен во самиот свет кој се трансформира. Тоа е како да се каже, нештата се подобруваат од себе; и она што ги предизвикува да се подобрат е само по себе. И така овој напредок укажува на „зголемена вредност во постоењето, просудено по нашите чувства.“ Тоа е како да се каже: ти знаеш дека си подобар, затоа што се чувствуваш подобар. Знаеш дека има напредок, затоа што го чувствуваш. Твоите чувства ја регулираат твојата состојба. Познавањето на твоите чувства го регулира напредокот од полошо кон подобро.

Сега, во ова прашање на напредок од полошо кон подобро, имаат ли твоите чувства нешто со тоа? Ако имаат, што си ти? Секој овде, во ова попладне, кој го мери својот напредок, вредноста на неговото искуство, според неговите чувства, е еволуционист: Не ми е гајле ако бил адвентист на седмиот ден четириесет години, тој сепак е еволуционист. И целото негово христијанство, целата негова религија, е само исповед без факт, едноставно форма без моќ.

Сега читам што е еволуцијата, на друг начин, така што можете да видите дека тоа е неверство. Тогаш, ако се пронаоѓате како еволуционист, ќе знаете веднаш дека сте неверник: „Хипотезата за еволуцијата има за цел да одговори на бројни прашања во врска со почетокот, или генезата/создавањето на нештата.“ Тоа „помага да се обнови античкото чувство кон природата како наш родител и извор на нашиот живот.“

Една од гранките на ваков вид на наука, која дошла најблиску до поставувањето на доктрината за еволуција, е новата наука за геологија, која ја воведе концепцијата на огромни и незамисливи временски периоди во минатото на историјата на нашата планета. Овие огромни и незамисливи периоди, како уште еден од главните писатели на оваа тема – авторот нејзин всушност – вели: „е неопходна основа за разбирање на потеклото на човекот“ во процесот на еволуција. Така што напредокот што е направен е преку безброј векови. А сепак овој напредок не бил константен и не напредувал исто од своето основање се до нејзината сегашна состојба. Тоа било со многу варијации. Имало многу моменти на голема убавина и симетрија, а потоа би дошла катаклизма или ерупција и сè би отишло на парчиња, како што и претходно било. Повторно, процесот повторно би започнал од таа состојба на нештата и би се изградил повторно. Многу, многу пати овој процес би се повторил, и тоа е процесот на еволуцијата – транзицијата од пониско кон повисоко, од полошо кон подобро.

Сега, кој бил процесот на твојот напредок од полошо кон подобро? Дали сето тоа било со „многу варијации“? Дали стекнувањето на моќ да го направиш доброто – добрите дела што се од Бога – е преку долг процес на подеми и падови од времето на твоето прво исповедање како христијанин до сега? Дали некогаш изгледало дека наизглед сте имале прогрес, дека ви одело добро, и дека сè било убаво и пријатно, а тогаш без никакво најавување доаѓа до катаклизма, или ерупција, и сè се уништи? Сепак, и покрај сите подеми и падови, започнувате со уште еден напор: и така низ овој процес, долго-продолжен, дојдовте до местото каде што сте денес, и кога “гледајќи на назад“ над сето тоа, мислите дека можете да означите одреден напредок, судено според вашите чувства – дали е тоа вашето искуство? Дали е тоа начинот на кој сте постигнале напредок?

Со други зборови, дали сте еволуционист? Не избегнувајте го одговорот, признајте ја искрената вистина, бидејќи сакам ова попладне да ве извадам од еволуционизмот. Има начин да се излезе од ова, и секој кој дошол во овој дом како еволуционист, може да излезе како христијанин. Па така, ако опишувам еволуционист, толку јасно така што ќе се видите себе, признајте дека сте, а потоа следете ги чекорите кои Бог ќе ви ги даде, и тоа ќе ве извлече целосно од вашата состојба. Но, јас јасно ви кажувам дека, ако тоа што го опишувам е ваше искуство, ако таков вид на напредок сте постигнале во вашиот христијански живот, тогаш вие сте еволуционист, без разлика дали тоа ќе го признаете или не. Најдобриот начин, сепак, е да се признае, а потоа да се откаже од тоа, и да се биде христијанин.

Другата фаза е: „Еволуцијата, колку далеку и да оди, гледа на материјата како вечна.“ И „со признавање“ на ова, „поимот за создавање е елиминиран од постоење кај оние области на кои се применува.“ Сега, ако го барате во вас принципот кој ви го обезбедува напредокот што треба да се направи во вас, со сигурност дека ќе го достигнете Божјото царство; ако мислиш дека тоа е иманентно во тебе и дека, ако можеш да го направиш правилно да работи, и да го контролираш правилно кога ќе дојде време да работи, и дека ќе излезе во ред, ако тоа го очекувате, гледате и со тоа го одбележувате вашиот напредок, вие сте еволуционист. Читам понатаму што е еволуција: „Јасно е дека доктрината за еволуција е директно антагонистична на доктрината на создавањето… . Идејата за еволуција, која се применува во создавањето на светот како целина, се противи на директната креативна волја.“

Таа, еволуцијата, е вака опишана од оние кои ја измислиле – дека светот дошол, и сè што е на него, е од него, и дека принципот којшто го довел до состојбата во која е, е иманентен сам по себе, и е соодветен да го произведе сето она што е. Со оглед на тоа, во природата на нештата „еволуцијата е директно антагонистична на создавањето.“

Сега, што се однесува до светот и сè што е во него, не верувате дека се дошло само од себе. Знаете дека не сте еволуцинист со тоа што велите дека Бог ги создал сите нешта. Секој од вас кој е овде, ова попладне, би кажал дека верува дека Бог ги создал сите нешта – светот и сè што е во него. Еволуцијата не го признава тоа, во неа нема место за создавањето.

Сепак, има друга фаза од еволуцијата која привидно не е целосно антагонистична кон креационизмот. Тие кои ја направиле оваа еволуција за која ви читав, не глумеле ништо друго освен неверници – човек кој нема вера – значи, едноставно, неверник е човек без вера. И покрај тоа што личноста тврди дека има вера кога всушност ја нема, тој е неверник. Се разбира, зборот „неверник“ бил тесно ограничен во споредба со денес. Луѓето кои ја направиле оваа еволуција за која ви читав, се таков вид на луѓе, но кога шират таков вид на доктрина насекаде, всушност голем број од нив биле луѓе кои себеси се нарекувале христијани, кои се нарекувале луѓе од вера, кои тврделе дека веруваат во Божјото слово, кое учи за креационизам. Овие луѓе, непознавајќи го Божјото слово, непознавајќи го како Божјо слово, туку нивната вера, бидејќи е само обична форма на вера без силата – овие луѓе, јас велам, стануваат шармирани со новото нешто кое се појавува и сака да биде популарно заедно со новата наука и не сакајќи целосно да го остават Божјото слово и начините на верата, не се подготвени да кажат дека можат да поминат без Бога, некаде без креационизмот, па тие формираат еден вид на еволуција со Создателот во неа. Таа фаза се нарекува теистичка еволуција; а тоа е: Бог го започнал тоа нешто, кога и да било тоа во минатото, но оттогаш тоа продолжува само по себе. Тој го започнал тоа, а отпосле тоа самото е во состојба да го постигне сето тоа што е направено. Ова, сепак е само, импровизирана имплементација за да си го спасат образот, и тоа е јасно прогласено од вистинските еволуционисти дека тоа е „фаза на транзиција од креационата кон еволутивната хипотеза“. Тоа е чиста еволуција, бидејќи помеѓу креационизмот и еволуцијата не постои средина.

Без разлика дали сте еден од нив или не, има многумина такви, дури и кај адвентистите на седмиот ден – фала на Господ, не толку колку што имаше порано! – кои веруваат дека мора Бог да ни ги прости гревовите, но потоа е на нас да работиме за нашето спасение со страв и трепет. Според тоа, тие се во страв и трепет цело време, но тие не работат за спасение, затоа што тие го немаат Бога константно да работи во нив, „да сакаат и да дејствуваат според Неговата добра волја.“ (Филипјаните 2,12.13).

Во Евреите 11,3 е запишано дека преку вера разбираме дека световите биле оформени – составени, поставени, изградени – „преку Божјиот Збор, така што се што е видливо настанало од она што било невидливо“. Земјата која ние ја имаме, не е направена од карпи и камења; човекот не е направен од мајмуни, вид на мајмун, или од “врската што недостасува,“ и видовите на мајмуни, самите мајмуни и “врската што недостасува,“ не биле создадени од полноглавци, а полноглавците од протоплазма, првично назад на почетокот. Не! „Целата вселена била создадена преку Божјиот Збор, така што се што е видливо настанало од она што било невидливо.“ (Евреите 11,3, ДП).

Сега, зошто е тоа така што „сè што е видливо настанало од она што било невидливо“ (Евреите 11,3, ДП)? Едноставно затоа што нештата од кои овие работи се направени, не постоеле. А причината зошто тие нешта не се приметувале, е затоа што ги немало. Тие не постоеле. Световите биле оформени преку Божјото слово, и Божјото слово е со таква способност, што има својство, со кое, кога словото е искажано, не само што предизвикува нештото да постои, туку и предизвикува да постои материјалот од кој е направено и од кое се состои.

Го знаете и другиот дел од писмото, дека „Преку словото на Господ беа создадени небесата, и преку Духот на устата Негова – сите сили нивни. . „Зашто Тој рече и тие настанаа;“ (Псалми 33,6-9). Во врска со ова, ќе ви поставам прашање: Колку време поминало откако Он прозборел, пред нештата кои настанале? Колку време поминало откако Он прозборел, пред нештата да настанат? [Глас: „Не поминало.“] Ниту една недела? Не. Ниту пак шест долги периоди на времиња? Не. Дури и таа еволуција во која има Создател, која се состои од недефенирани безбројни векови или од „шест, недефинирани периоди на време,“ поминати во формирањето на нештата кои се гледаат откако Он прозборел, сепак е еволуција, а не креација. Еволуцијата е од долги процеси. Креацијата е од изговореното слово.

Кога Бог, преку говорење на словото ги создал световите, Он го кажал следното: „Нека биде светлина!“ Сега, колку време поминало од зборовите: „Нека биде светлина!“ до самото доаѓање на светлината? Сакам да ја разберете оваа материја толку добро, што ќе дознаете дали сте еволуционист или креационист. Ќе ве прашам повторно. Немало ли шест долги периоди помеѓу кажувањето на словото и остварувањето на кажаното? Вие велите: Не. Зарем не беше една недела? Не. Ниту еден ден? Не. Ниту еден час? Не. Ниту една минута? Не. Ниту пак една секунда? Не. Навистина. Немало ниту една секунда помеѓу откако Бог рекол: „Нека биде светлина!“ до самото постоње на светлината. [Глас: „Само што било изговорено словото, светлината се појави.“] Да, така тоа се случило. Го поминувам ова детално, за да биде добро втемелено во вашиот ум, бидејќи се плашам дека веднаш ќе го заборавите откако ве прашам нешто друго. Сега, дали е решено дека, кога Бог рекол: „Нека биде светлина!“ немало ниту една секунда помеѓу заблеснувањето на светлината? [Глас: „Да“] Добро. Тогаш, човекот кој дозволува да има било колку време помеѓу Божјото зборување и самото покажување на нештото е еволуционист. Ако ги става безбројни и безбројни векови, тој едноставно е поголем еволуционист од оној кој мисли дека требало еден ден; тој е исто еволуционист, само малку поголем.

„Потоа Бог рече: „Нека има свод. И што тогаш? Така и стана. Тогаш, од моментот кога Бог рекол: „Нека има свод … и тој да разделува вода од вода!“ Колку, додека не се појавил сводот? Дали тоа се случило веднаш? Да. Тогаш човекот кој се држи до тоа дека имало неопределен, многу долг временски период помеѓу зборувањето на словото и постоењето на фактот – што е тој? Еволуционист. Ако дозволува да има еден ден или пак еден час или една минута помеѓу кажувањето на словото и постоењето на самото нешто, тој човек не го познава создавањето.

Кога Бог рекол: „Нека се собере водата што е под небото на едно место, и нека се појави копно!“ – исто така рекол: „Нека израсте од земјата зеленило – трева што дава семе, плодоносни дрвја кои во себе имаат семе!“… Така и стана.“ Тогаш Бог постави две големи светила на небото и ги создаде исто така и ѕвездите, и кога Он го кажал словото, „така и стана.“ Тој рекол: „Водата нека се исполни со живи суштества, а низ небесниот свод над земјата нека полетаат птици!“ – така и стана. Кога Бог рекол: „Нека изведе земјата од себе разни суштества според родот нивни: добиток, лазачи и ѕверови земни според нивниот род!“ – така и стана. Кога Он рекол, секогаш така и станувало. Тоа е создавање. Гледате, многу е логично и исто така доста разумно за еволуционистот да го остави на страна Божјото слово и да нема вера во него, бидејќи самата еволуција е антагонистична на создавањето. Бидејќи еволуцијата е антагонистична на создавањето а создавањето е од Божјото слово, тогаш еволуцијата е антагонистична на Божјото слово. Секако, ниту вистинскиот и оригинален еволуционист не дава место на словото, ниту пак полуеволуционистите кои го вметнуваат создавањето и Божјото слово за да ги започнат нештата. Потребно е толку долго време, толку неопределени и неопределени векови за еволуцијата да постигне нешто без создавањето.

(продолжува)

Pin It on Pinterest